Експлозии исти како на Земјата и уште 9 митови за вселената во кои веруваме заради филмовите

Планетите секогаш ротираат отколку статично Сонце

Во филмовите речиси сите сончеви ситеми се претставени како нашиот – во средината има статична ѕвезда и неколку небесни тела околу неа. Но во Сончев систем со неколку поголеми планети, ротацијата би изгледала многу поразлично, а најверојатно ќе забележите и движење кај Сонцетото.

Гравитацијата има влијание од двете страни – Сонцетото ја влече Земјата, но и Земјата го влече Сонцетото. Не го забележуваме ова бидејќи гравитациона сила на Земјата е значително помала од онаа на нашата ѕвезда.

Но со неколку поголеми планети во сончевиот систем, ова ќе биде поизразено.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-07.jpg

Видливи ласери

Star Wars навистина ги прослави ласерските оружја, но ќе се разочарате кога ќе сфатите дека во реалноста, тие би бие сосема поразлични. Воглавно, ласерот е концентриран зрак енергија кој во филмовите се користи за многу нешта.

Но во реалноста, ласерите би биле невидливи, освен ако не светат директно во вашите очи. Причината е што околу нив ќе нема честички што ќе ја расфрлаат светлината.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-08.jpg

Бестежинска состојба

Иако е вистина дека астронаутите ја чувствуваат бестежинска состојба во вселената, ова се случува само кога се во орбита на поголемо тело. На пример, ова се случува на Интернационалната вселенска станица.

Но во кој било друг случај, ќе бидете под влијание на гравитацијата од некое друго место, без разлика колку е мало. Вселената не е простор без гравитација бидејќи оваа сила е сеприсутна.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-09.jpg

Звуци во вселената

Во филмовите многу добро ги слушаме вселенските експлозии, но во реалноста, звукот не може да патува во вселената. Причината е недостаток од воздух и вибрациски молекули.

Доколку звукот патуваше низ вселената, постојано ќе ги слушавме звуците од универзумот, како постојаните експлозии на Сонцетото.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-10.jpg

Патување со брзина на светлината

Брзината на светлината се смета за конечната граница на човештвото која не може да се премине. Постојат многу теории за тоа како би изгледало да ѝ се приближиме на оваа брзина, но ниту една равенка не кажува што би се случило доколу ја надминеме.

Научниците знаат за едно нешто што е побрзо од светлината – проширувањето на универзумот. Сепак, и ова е феномен што не ни е добро познат.

Покрај тоa постојат теоретски докази за честички кои би можеле да патуваат побрзо од светлината, но во реалноста ги немаме пронајдено. Многу научниците веруваат дека постојат нешта што можат да ја преминат светлосната граница, па ни останува да чекаме да ги најдеме.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Каква би била реалноста ако жените си ги сменат улогите со мажите, низ илустрации Што ако се сменат улогите и жените почнат како (некои) мажи да зборуваат дека мо...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg