Експлозии исти како на Земјата и уште 9 митови за вселената во кои веруваме заради филмовите
Речиси и да не постои научно фантастичен филм што нема сцена во вселената. А благодарение на денешната технологија, овие сцени стануваат сè поспектакуларни.
Но како и многу нешта, Холивуд ни „продава“ лажни митови и за вселената, а во продолжение погледнете некои од најчестите.
Експлозии
Експлозиите на Земјата изгледаат така како што изгледаат поради гравитацијата. Но, во вселената нештата се поразлични. Бидејќи нема воздух, вселенската експлозија нема да биде придружена со оган.
Некои горива можеби ќе поттикнат пожар, но не каков што гледаме на Земјата. Огнот би изгледал како топка светлина која постојано се зголемува поради микрогравитацијата и недостаток од воздушен отпор.
Исто така, остатоците од експлозијата ќе бидат опасни за сè во нивна близина бидејќи нема што да ги сопре како на Земјата.
Црни дупки
Црните дупки во филмовите вшмукуваат сè што ќе им дојде на патот и ништо не може да им избега. Но во реалноста, црните дупки се како и секое небесно тело и нивната гравитациона сила е директно пропорционална со нивната маса.
Тие не би привлекле ништо повеќе од она што им го „дозволува“ масата. Доколку, на пример, Сонцетото се претвори во црна дупка со иста маса, тоа речиси и да нема да го промени сончевиот систем.
Густи астероидски појаси
Внатрешните и надворешните планети од сончевиот систем се одделени со таканаречен астероидски појас. Ова е прстен од астероиди кои ротираат околу Сонцетото.
Во филмовите најчесто ги гледаме овие појаси како многу густи и речиси невозможни за преминување. Но, доколку застанете на астероид од појасот и погледнете кон небото, погледот ќе биде речиси ист како и од Земјата.
Астероидите се на големо растојание еден од друг, па постојат многу мали шанси за судир.
Сè за вселенските битки
Вселенските битки ни се претставени исто како и оние на Земјата. Но иако изгледаат неверојатно, тие се далеку од реалноста. Повеќето вселенски летала би биле дизајнирани да ја спречат декомпресијата и да бидат отпорни на радијација, а аеродинамиката би било последното нешто во нивниот дизајн.
Покрај тоа, движењето и маневрите во вселената би биле сосема поразлични од она што го гледаме во Star Wars.
Сонцето е жолто
Речиси сите претпоставуваме дека Сонцетото е жолто бидејќи гори. Но, Сонцетото ни изгледа жолто од Земјата поради атмосферата. Сончевата светлина е всушност бела.
Покрај тоа, Сонцетото не гори како што си замислуваме, а неговата топлина потекнува од фузијата во неговото јадро.