Експлозии исти како на Земјата и уште 9 митови за вселената во кои веруваме заради филмовите

Речиси и да не постои научно фантастичен филм што нема сцена во вселената. А благодарение на денешната технологија, овие сцени стануваат сè поспектакуларни.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-01.jpg

Но како и многу нешта, Холивуд ни „продава“ лажни митови и за вселената, а во продолжение погледнете некои од најчестите.

Експлозии

Експлозиите на Земјата изгледаат така како што изгледаат поради гравитацијата. Но, во вселената нештата се поразлични. Бидејќи нема воздух, вселенската експлозија нема да биде придружена со оган.

Некои горива можеби ќе поттикнат пожар, но не каков што гледаме на Земјата. Огнот би изгледал како топка светлина која постојано се зголемува поради микрогравитацијата и недостаток од воздушен отпор.

Исто така, остатоците од експлозијата ќе бидат опасни за сè во нивна близина бидејќи нема што да ги сопре како на Земјата.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-02.jpg

Црни дупки

Црните дупки во филмовите вшмукуваат сè што ќе им дојде на патот и ништо не може да им избега. Но во реалноста, црните дупки се како и секое небесно тело и нивната гравитациона сила е директно пропорционална со нивната маса.

Тие не би привлекле ништо повеќе од она што им го „дозволува“ масата. Доколку, на пример, Сонцетото се претвори во црна дупка со иста маса, тоа речиси и да нема да го промени сончевиот систем.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-03.jpg

Густи астероидски појаси

Внатрешните и надворешните планети од сончевиот систем се одделени со таканаречен астероидски појас. Ова е прстен од астероиди кои ротираат околу Сонцетото.

Во филмовите најчесто ги гледаме овие појаси како многу густи и речиси невозможни за преминување. Но, доколку застанете на астероид од појасот и погледнете кон небото, погледот ќе биде речиси ист како и од Земјата.

Астероидите се на големо растојание еден од друг, па постојат многу мали шанси за судир.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-04.jpg

Сè за вселенските битки

Вселенските битки ни се претставени исто како и оние на Земјата. Но иако изгледаат неверојатно, тие се далеку од реалноста. Повеќето вселенски летала би биле дизајнирани да ја спречат декомпресијата и да бидат отпорни на радијација, а аеродинамиката би било последното нешто во нивниот дизајн.

Покрај тоа, движењето и маневрите во вселената би биле сосема поразлични од она што го гледаме во Star Wars.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-05.jpg

Сонцето е жолто

Речиси сите претпоставуваме дека Сонцетото е жолто бидејќи гори. Но, Сонцетото ни изгледа жолто од Земјата поради атмосферата. Сончевата светлина е всушност бела.

Покрај тоа, Сонцетото не гори како што си замислуваме, а неговата топлина потекнува од фузијата во неговото јадро.

mitovi-za-vselenata-vo-koi-veruvame-blagodarenie-na-filmovite-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Каква би била реалноста ако жените си ги сменат улогите со мажите, низ илустрации Што ако се сменат улогите и жените почнат како (некои) мажи да зборуваат дека мо...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg