10 фотографии кои кријат цели приказни
Редица во Мекдоналдс
На оваа фотографија е прикажана економската криза во Москва во 1990-та година. На фотографијата се гледа првиот отворен Мекдоналдс кој станал вистинска сензација во Советскиот Сојуз.
Имено, за да влезат внатре, луѓето чекале и по неколку часа во редица. Во само првиот ден ресторанот имал 30.000 посетители – рекорд за сите ресторани на Мекдоналдс.
Познатиот оскаровски пад
Веројатно се сеќавате на овој настан. На 85-тото доделување на Оскарите, актерката Џенифер Лоренс победи во категоријата најдобра актерка. Како што тргна да си ја земе статуетката, таа се сопна и падна на скалите од бината.
Подоцна изјавила дека имала проблеми со фустанот кој ѝ се закачил на нозете.
Салвадор Дали и мачките
Салвадор Дали го сретнал американскиот фотограф Филипе Халсман во Њујорк во 1941-в година, кога и почнале да соработуваат. Тие решиле да направат фотографија според делото Leda Atomica на Дали.
Според Халсман, им биле потребни 28 обиди пред да го добијат посакуваниот резултат. Фотографијата е наречена Dali atomicus и е ран пример за стилот што Халсман го нарекол џампологија (jumpology) – фотографии направени во скок.
Моќта на цветовите
Во 2004-та година, Киев стана центарот на Портокаловата револуција. Ова е само една од многуте фотографии направени од протестите и на неа се гледа жена која става рози на штитовите на полицајците кои биле пратени да го смират протестот.
Млекарот и хаосот
Можеби среќниот израз на млекарот денес ни изгледа чудно, но во овој период од Втората светска војна, ова било секојдневие.
Фотографијата е направена од страна на Фред Морли и го претставува борбениот дух на Велика Британија во 1940-та година. Млекарот едноставно си ги завршува своите дневни обврски и покрај хаосот во Лондон.
Спирова С. | Црнобело