Познати парови кои докажуваат дека љубовта и славата одат заедно

Вистинската љубов е реткост, особено во светот на шоубизнисот. Славните личности брзо ги започнуваат новите врски, а ги завршуваат уште побрзо, што веќе не е можно да се следи кој се забавува со кого.

Ovie slavni parovi ni ja vrakaat verbata vo vistinskata ljubov 01

Како и да е, некои познати личности го поминуваат речиси целиот свој живот заедно, што е во денешно време неверојатно и инспиративно.

Ова се неколку славни парови кои докажуваат дека постои вистинска љубов:

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

Вил Смит ја запознал Џејда Пинкет во 1994 година, кога била на аудиција за улога на негова девојка во серијата „Принцот од Бел Ер“. Таа не ја добила улогата, но му станала девојка во реалниот живот во 1995 година, а сопруга во 1997 година.

Тие се заедно веќе 23 години, и успешно го држат приватниот живот далеку од очите на јавноста, и покрај бројните озборувања.

Ovie slavni parovi ni ja vrakaat verbata vo vistinskata ljubov 02

Барак и Мишел Обама

Барак Обама и Мишел Робинсон се запознале во 1989 година во адвокатската канцеларија во која Мишел му била ментор. Ова не ги спречило да излезат на состанок. Се венчале во 1992 година и имаат две ќерки.

Ovie slavni parovi ni ja vrakaat verbata vo vistinskata ljubov 03

Том Хенкс и Рита Вилсон

62-годишните актери, Том и Рита, се едни од омилените парови во филмската индустрија. Нивната приказна започнала на сетот на ТВ серијата „Bosom Buddies“ во 1981 година. Парот се венчал во 1988 година.

Ovie slavni parovi ni ja vrakaat verbata vo vistinskata ljubov 04

Џон Леџенд и Криси Тиген

Џон и Криси се запознале на сетот на музичкото видео „Стерео“ во 2007 година, а оттогаш се заедно. Се венчале во 2013 година и имаат две деца.

Ovie slavni parovi ni ja vrakaat verbata vo vistinskata ljubov 05

Мерил Стрип и Дон Гамер

Оскаровката Мерил Стрип се омажила за љубовта на својот живот, скулпторот Дон Гамер, пред повеќе од 40 години. Во 1978 година, по само 6 месеци, двојката се венчала во дворот на родителите на Мерил.

Пријателите и семејството биле прилично скептични во врска со нивниот брак, но после повеќе од 40 години, парот е сè уште заедно, а имаат и четири деца.

Ovie slavni parovi ni ja vrakaat verbata vo vistinskata ljubov 06

Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес

Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора се заедно скоро 23 години и се еден од најинспиративните парови во Холивуд. Се запознале на сетот на телевизиската серија „Корели“ во 1995 година, а се венчале една година подоцна.

Ovie slavni parovi ni ja vrakaat verbata vo vistinskata ljubov 07

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg