За оние кои се плашат од старост - митови за стареењето во кои не треба да верувате

Благодарение на истражувањата во последниве години, истражувачите дошле до интересни резултати кои посочуваат дека животниот век се зголемил за триесет години. 

Strav od stareenje vistini I mitovi za starosta 01

Но и покрај тоа што имаат неколку дополнителни години на располагање за значаен и среќен живот, многу луѓе имаат негативни мислења за староста.

Поради ирационални и интензивни стравови од стареење, се појави дури и посебен вид фобија, наречена герантофобија или гераскофобија. 

Зошто луѓето чувствуваат толку голем страв од стареење? Кои се вистините и митовите за староста?

Страв од стареење

Се чини дека во последните неколку години луѓето измислиле толку многу начини за забавување на стареењето, што мораме да се запрашаме зошто толку многу луѓето се плашат од староста?

Многумина се убедени дека староста значи само болести, деменција, осаменост, сиромаштија и депресија.

Иако одредени животни функции и способности слабеат со текот на времето, постојат многу други начини на кои можете да ја поминете својата старост во среќа, креативност, истражување, иновација, креација и уживање.

Понекогаш само треба да го промениме пристапот и начинот на размислување што го имаме за самиот процес на стареење. Факт е дека нема да можете да го направите она што можевте да го правите во дваесеттите години, но погрешно е да се мисли дека во седумдесеттите и осумдесеттите години нема да доживееме нешто ново, интересно и корисно.

Strav od stareenje vistini I mitovi za starosta 02

Вистини и митови за староста

Бидејќи многумина погрешно заклучуваат дека апсолутно сите адолесценти се неподносливи и несовесни, така и многумина заклучуваат дека сите постари луѓе се болни, изгубени, осамени, немоќни, отфрлени, сиромашни и депресивни.

Мит 1: Болести

Многумина веруваат дека во староста ќе бидат болни, иако досега не биле болни. Истражувањата до сега покажаа дека повеќето луѓе над 65 години се доста здрави. Повеќето од нив немаат значителни здравствени проблеми што се мешаат во нивното секојдневно функционирање.

Факт е дека физиолошкиот систем слабее со текот на времето, но исто така е важно да се нагласи дека ваквите промени можат успешно да се адаптираат.

Strav od stareenje vistini I mitovi za starosta 03

Мит 2: Намалување на когнитивните способности

Иако когнитивните способности се послаби, истражувањата покажаа дека тоа не е правило за сите постари лица.

Поточно, оние кои постојано вежбаат и ги активираат своите когнитивни способности (со на пр. читање, решавање аритметика, играње на игри и сл.) не доживуваат значителен пад на когнитивната способност во староста.

Мит 3: Осаменост

Осаменоста најчесто се поврзува со староста, иако многумина не се свесни дека осаменоста е присутна и кај младите, па дури и кај адолесцентите. Имено, осаменоста во постарата возраст не е правило. Станува збор за социјална селективност. 

Ова значи дека со текот на годините луѓето престануваат да се грижат за површните односи и стануваат посветени на негување на блиските односи. Со други зборови, постарите луѓе не се социјално изолирани.

Strav od stareenje vistini I mitovi za starosta 04

Мит 4: Депресија

Иако постои депресија, истражувањата покажуваат дека клиничката депресија сè уште е почеста кај помладите лица. Можеби постарите луѓе подобро се справуваат со депресивните ситуации или едноставно не ги перципираат како важни.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg