Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 мапи на светот кои ни покажуваат колку сме, всушност, сите поврзани

Живееме во сложен и поврзан свет. Морскиот, копнениот и воздушниот транспорт ни овозможуваат да патуваме и да разменуваме работи и идеи ширум светот. Благодарение на оваа инфраструктура, денес е релативно лесно да се стигне од едниот крај на светот до другиот. 

Ovie-5-karti-ni-pokazuvaat-kolku-sme-vsusnot-site-povrzani-01.jpg

Луѓето понекогаш забораваат дека тоа не било секогаш така. Го земаат здраво за готово сегашното ниво на технолошкиот и економскиот развој.

Еден човек, по име Питер Етвуд, решил да нè потсети на овој факт.

Тој направил 5 светски карти што ја илустрираат нашата поврзаност на различни начини.

Карта на градови

Оваа карта ги открива сите населени делови на планетата. Забележете дека Токио најмногу блеска, бидејќи е најнаселениот град на светот.

Од друга страна, некои делови од Јужна Америка, Австралија, Африка и Азија воопшто не се видливи, бидејќи се покриени со пустини, дождовни шуми или големи височини.

Ovie 5 karti ni pokazuvaat kolku sme vsusnot site povrzani 01

Карта на патишта

Постојат повеќе од 60 милиони километри патишта во светот. На оваа карта можете да видите како луѓето создале патишта низ некои од најмалку населените територии на нашата планета, со цел да ги поврзат различните градови и луѓето што живеат во нив.

Ovie 5 karti ni pokazuvaat kolku sme vsusnot site povrzani 02

Карта на железнички пруги

Европа и Северна Америка се најмногу покриени со железничката инфраструктура. Поради оваа причина, можно е да се патува со воз секаде низ Стариот континент.

Во Северна Америка и Австралија возовите генерално превезуваат товар. Во Африка, железничката пруга била изградена од колонизатори со цел да се поврзе внатрешноста на континентот со нејзините пристаништа.

Ovie 5 karti ni pokazuvaat kolku sme vsusnot site povrzani 03

Карта на аеродроми

На некои од најизолираните делови на планетата може да се стигне само со авион. Дождовните шуми во Амазон, северна Канада и некои делови на Австралија не се целосно поврзани со железницата и патиштата, така што луѓето и стоката стигнуваат до нив по воздушен пат.

Ovie 5 karti ni pokazuvaat kolku sme vsusnot site povrzani 04

Карта на пристаништа

Речиси секој голем град во светот бил создаден на бреговите на морето или реките. Низ целата историја, патувањето со брод бил единствениот начин да се достигнат различни делови на светот, па дури и денес, поморскиот сообраќај е клучен во меѓународната трговија.

Ovie 5 karti ni pokazuvaat kolku sme vsusnot site povrzani 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg