Трогателни приказни што ја покажуваат добрата страна на социјалните мрежи
Девојка го пронашла момчето што го запознала
Савана Кемпбел запознала едно момче додека била во зоолошка, но не го прашала како се вика, ниту пак му побарала број. Па, решила да го побара на Фејсбук користејќи го само името на неговото куче.
Корисниците на Интернет веднаш ѝ помогнале и го пронашле момчето, а денес тие се заедно.
Фејсбук ја пронашол протезата на еден маж
Мерит Јегер имал скапа протеза за неговото уво, но ја изгубил во морето. Пробал да ја најде, но без никаков успех. После некое време, некој ја нашол протезата и ја однел во најблиската полициска станица.
Од станицата објавиле за изгубената протеза и луѓето веднаш го нашле Мерит.
Враќање на украдени пари
Едно 9-годишно девојче продавало лимонада со цел да собери пари за добротворни цели. Успеала да заработи 9 долари, но за жал ѝ ги украле. Нејзиниот татко веднаш ја објавил приказната на Твитер.
Следниот ден, еден полицаец се понудил да му биде обезбедување на девојчето додека продава, и тоа успеало да собере дури 300 долари.
Наоѓање работа преку Фејсбук
Една жена на Фејсбук споделила дека нејзиниот син не бил примен на работа бидејќи имал суканици. Објавата веднаш се прославила, а ја забележала и една модна агенција. Момчето веднаш било покането на аудиција и станало модел.
Девојче нашло клуч за „засолништето за самовили“
Една мајка и ќерка секој ден минувале покрај мала дрвена заклучена врата. Мајката му кажала на девојчето дека таму живеат самовили. Девојчето, Рејчел, навистина сакало да види што има внатре, но немало клуч.
Но, благодарение на социјалните мрежи, мајката успеала да ги најде сопствениците на „куќата на самовилите“. Кога Рејчел ја отворила вратата, внатре ја дочекало писмо и подарок од „самовилите“.
Спирова С. | Црнобело