Трогателни приказни што ја покажуваат добрата страна на социјалните мрежи
Денес е речиси невозможно да го избегнете интернетот. Но додека повеќето сметаат дека ова е „клетва“, некои приказни докажуваат дека токму интернетот може да ни ги подобри животите.
Социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер многу пати ја покажале својата моќ кога луѓето сакале да направат нешто добро. Доколку не верувате, приказните во продолжение ќе ве убедат во тоа.
Фејсбук најде нови кученца за кучка што ги изгубила своите
Дејзи ги изгубила своите 7 кученца во пожар и постојано жалела по нив. Нејзиниот сопственик ја раскажал приказната на Фејсбук и набрзо добил порака од човек кој имал 8 кученца сираци.
Дејзи веднаш ги прифатила кучињата како нејзини. Интернет корисниците беа трогнати од приказната.
Твитер прослави продавница за крофни
Еден маж од Тексас отворил продавница за крофни, но воопшто немал муштерии. Неговиот син, загрижен за својот татко, на Твитер објавил фотографија со неговото тажно лице. Објавата веднаш собрала над 700.000 допаѓања и продавницата на навистина се разработила.
Денес луѓето одат дури до Тексас само за да купат крофни од таму.
Инстаграм им го реши проблемот на многу млади татковци
Неодамна еден млад татко споделил фотографија на Инстаграм на која му ја менува пелената на своето дете држејќи го во скутот. Причината е што во машките тоалети нема маси за преслекување деца.
Токму оваа фотографија ја инспирира компанијата Pampers да инсталира 5.000 маси за пресоблекување деца во машките тоалети ширум САД.
Фејсбук претвори таксист во оперски пејач
Мензи Мнгома е таксист од Јужна Африка. Додека пренесувал една девојка почнал да пее, а таа го снимала. Девојката го објавила видеото на Фејсбук, а никој не останал рамнодушен на гласот на таксистот. Наскоро, мажот бил поканет на аудиција во Операта во Кејптаун, а се појави и на шоу за таленти во Лос Анџелес.
Menzi Mngoma(For licensing or usage, contact licensing@viralhog.com)
Posted by Kim Davey on Thursday, May 23, 2019
Интернeтот ја спасил роденденската забава на едно момче
На роденденската забава на едно 6-годишно момче од Флорида не се појавил никој од поканетите гости. Неговата мајка се разочарала и решила да ја сподели приказната на Фејсбук.
Набрзо потоа, дури 40 странци се појавиле на прагот од нивниот дом со подароци, а помеѓу нив имало и полицајци и пожарникари.