Подобро излажете
Сите знаеме дека лажењето не е во ред, но сите ги кажуваме оние бели лаги од типот на одговорот „Добро сум“, на прашањето како си, иако се чувствуваме...
...уморно, раздразнето, нервозно...
Бидејќи лажењето не е во ред, еве ги четирите лаги кои многумина повеќе би сакале да ги чујат или изговорат отколку вистината.
1. Тоа е лагата со која никого нема да го повредите, а вие ќе излезете подобар.
На пример: На сите ќе им кажете дека цел викенд сте го поминале подготвувајќи некое благо кое многу долго се подготвува за вашите гости, иако во подготовката сте поминале помалку време или пак сте го порачале колачот. Не само што вие ќе се чувствувате подобро од таа лага и од пофалбите кои што ќе ги добиете, туку и луѓето кои ве слушаат сакаат да чујат како вие грижливо сте подготвувале нешто, наместо да чујат дека нешто набрзина сте подготвиле или пак порачале.
2. Другата лага, всушност и не е лага, туку избегнување на одговор.
На пример: шефот бара да му го покажете предлог проектот (кој се уште не сте го завршиле), а вие му велите дека морате да се консултирате со него за тоа и тоа прашање. Секако дека треба да се потрудите проектот да го завршите на време, но со овој одговор купувате време, се поштедувате од прекорување за тајмингот, а и шефот нема да се нервира.
3. Лага за тоа што сакате, а што не.
Таква лага не би требало да и се упати на некоја блиска личност, но секако е полесно да му се каже на познаник или далечен роднина кој ви подарила кариран чаршаф... па вие толку многу сакате баш таков, отколку да ја кажете вистината и некого да повредите, а тој со подарокот ви посветил внимание. Бидејќи со таа личност не сте блиски, нема да бидете затрупани со работи кои не ги сакате, па за една нема смисла да коментирате.
4. „Добро сум“ - Прочуениот одговор на прашањето „како си“.
Освен ако се работи за вашата мајка или некоја друга личност со која сте блиски или ако ве прашува докторот, никој не сака да слуша жалопојк па „Добро сум“ е прикладен одговор и кога вие го кажувате и кога вам ви го кажуваат на вашето куртоазно прашање.
Лажењето не е во ред, но во некои ситуации одбираме лага и повеќе ја сакаме лагата од вистината. Ова се некои такви ситуации во кои никој не е повреден.