Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто некои луѓе панично се плашат од инсекти?

Мачките можеби владеат на интернетот, но пајаците сè уште се оние кои имаат главни улоги во нашите кошмари. 

Zosto nekoi luge panicno se plasat od insekti 01

Барем така велат резултатите од новите научни истражувања на чешките психолози кои сакаат да дознаат од кои животни најмногу се плашиме. Истражувачите експериментирале со слики од дваесет и пет различни животни.

Ги следеле реакциите на луѓето, особено фокусирајќи се на чувствата на страв и гадење. Со анализа на добиените податоци, луѓето најчесто имале фобија од пајаци, додека претходно споменатите мачки се меѓу омилените животни.

Фобии од одредени животни се многу почести отколку што се верува. Ова воопшто не е неочекувано кога ќе се земе предвид дека во повеќето хорор филмови животните се зли, а понекогаш се користат и како директни агресори.

Иако нашиот вид одамна е на врвот на синџирот на исхраната, нашите вродени инстинкти се сè уште исти како и во времето кога постоела реална опасност од животните со кои живееме со години.

Не е тешко да се разбере зошто се плашиме од големи животни, како лавови, тигри, крокодили или мечки. Јасно е дека секој од нив е способен да нѐ изеде.

Zosto nekoi luge panicno se plasat od insekti 03

Меѓутоа, ние исто така се плашиме од помалите животни, како што се инсекти, паразити, глувци или стаорци. Овие мали, навидум безопасни животни во некои сценарија можат лесно да ни пренесат заразни болести.

Се чини дека стравот од овие, за многу луѓе гадни животни, е сосема оправдан.

Истражувањето открива дека големите ѕверови можат да нѐ уплашат, но бубачките и инсектите се оние од кои најмногу се плашиме и кај нас предизвикуваат најмногу гадење.

Зошто се пајаците толку страшни? Поради страв од каснување? Се чини дека страв од каснување не ги плаши луѓето толку многу, колку што ги плаши нивното неправилно движење и бројот на нивните нозе.

Zosto nekoi luge panicno se plasat od insekti 02

Стравот од инсекти е понекогаш оправдан. Особено ако некој опасен инсект кружи околу нас. Нивните каснувања можат да бидат болни и многу непријатни, особено на чувствителните делови на телото, како што се лицето или нозете.

Таквиот страв е логична реакција на нашето тело, но ако стравот од инсекти влијае на вашиот живот, веројатно е време да се јавите кај специјалист и да побарате совет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg