„Упс, ми треба бричење“ и уште 14 ужасни маки што ги имаат жените во лето
Стапалата ви отекуваат во балетанки, а кога носите сандали како да ја собирате сета нечистотија од улиците и ви пукаат петиците.
Жените имаат тон маки во лето.
Најверојатно и вие ќе ја читате листава и ќе климате со главата.
Женски маки во лето:
- Кога носите фустан, бутовите почнуваат да ви се тријат еден од друг и да ви се појавува црвенило.
- Затоа одите да купувате шорцеви, но тие што ги има во продавниците секогаш се претесни и прекратки.
- Облекувате здолниште и дури тогаш сфаќате дека на вашите нозе им треба бричење.
- Брзате во тоалетот за да се избричите и тогаш се пресекувате на 3 места, едвај го сопирате крвавењето, а потоа имате лузни.
- Потоа помислувате дека депилацијата со восок е подобра опција, но треба предолг период за да ги израснете влакната, плус скапа е.
- Гледате на Инстаграм прекрасни фотки од девојки со шешири, решавате да купите, но ниту еден не ви прилега така добро.
- Облекувате соодветна летна облека за во канцеларија, но заборавате дека климата е ставена на прениска температура и мрзнете потоа.
- На пауза од работа купувате тенко џемперче за да го наметнете врз рамениците, а потоа го заборавате на столицата и таму „живее“, затоа што никогаш не ви паѓа на ум да го понесете дома.