Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 уметници со навистина чудни техники за творење

Грем Финк црта со неговите очи

Грем користи компјутерски софтвер и неговите очи за цртање. Програмер му ја направил програмата што го следи движењето на неговите очи, а потоа го пренесува на екран. На Фин му е потребна огромна концентрација за да заврши едно дело. Сите слики се нацртани со една линија, бидејќи доколку го прекине контактот со очите, програмата ќе престане да црта. За еден портрет му се потребни помеѓу 5 минути и 1 час, во зависност од нивото на концентрација.

Иан Скларски црта со една линија и не гледа во неговите дела

Како Грем, и Иан црта со една линија, но со неговите раце. Интересно е што тој воопшто не го погледнува делото додека не го заврши. За еден цртеж му се потребни околу 7 минути, а понекогаш им додава и боја на делата откако ќе ги заврши.

10-umetnici-so-navistina-chudni-tehniki-za-tvorenje-07.jpg

Стивен Спазук црта со оган

Оганот е нешто што би сакале да го држите подалеку од вашите дела, но тоа не важи и за Стивен. За да изработи едно дело, Стивен го става цртежот над пламен од свеќа. Пламенот ја поцрнува хартијата и создава силуета, а потоа Стивен го довршува цртежот со молив. Понекогаш користи и акрилна боја.

10-umetnici-so-navistina-chudni-tehniki-za-tvorenje-08.jpg

Џон Брамблит слика и покрај неговото слепило

Сигурно сметате дека сликарите би требало да можат да гледаат, но очигледно Џон не мора да гледа за да наслика нешто. Тој го изгубил видот после компликации од епилепсија кога имал 30 години. После ова паднал во депресија, за која вели дека ја надминал со сликањето. Тој слика со неговите дланки и ги меша боите чувствувајќи ја нивната текстура.

10-umetnici-so-navistina-chudni-tehniki-za-tvorenje-09.jpg

Кацу црта со дронови и неговиот измет

За полицајците понекогаш е вистински предизвик да ги фатат оние кои цртаат графити, но нештата стануваат потешки кога уметниците користат дронови. Во 2015-та година, Кацу го направил првиот графит со дрон, прикачувајќи спреј на него. Неговата мета бил огромен билборд со Кендал Џенер во Менхетен.

Порано истата година, Кацу се прослави откако направи портрет на Цукерберг со неговиот измет. Наводно, тој го мрази милијардерот, а неговата омраза се зголемила откако го изгледал Тhe Social Network.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg