Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Го нарекуваат апсолутното зло, а на некои им е омилен писател - Кој бил Маркиз де Сад?

Секојдневно читаме за разновидни перверзии, сериски убијци, канибали, педофили, терористи, а еден од најстарите предци на „најмоструозните злодела“, во теорија, е Маркиз де Сад. Го нарекувале филозофот на блудот и апсолутното зло. За некои луѓе де Сад претставува асоцијација на нешто болно, додека на другите им е омилен писател.

koj-bil-Markiz-De-Sad-01.jpg

Која е вистината? Зошто Маркиз де Сад станал толку популарен и кој, всушност, бил овој озлогласен писател?

Не, Де Сад не го измислил садизмот, туку ја имал честа според него да се именува ова сексуално однесување. Де Сад живеел во 18 век, а во свое време бил иницијатор на низа скандали.

Голем дел од својот живот го поминал во лудница и во затвори, но дали де Сад бил навистина луд?

Во подоцнежните векови, делата на де Сад биле „рехабилитирани“, при што го сметале за филозоф на апсолутната слобода.

Де Сад верувал дека човекот треба целосно да се предаде на сите свои нагони, вклучувајќи го и убилачкиот. „Бидејќи природата е безвредна и зла, таков треба да биде и човекот. Црквата ги лаже луѓето и создава фрустрирани индивидуи кои го живеат животот спротивно на својата вистинска природа.“

koj bil Markiz De Sad 02

Вистинската природа, според де Сад, не познава граници. Кај него не постоел дуализам, само материјализам. Тој целосно го исклучувал постоењето на емоциите.

Според неговата теорија човекот живее само за себе и за своите задоволства на сметка на страдањето на другите.

Својата филозофија де Сад ја пробал и во пракса. Под изговор дека ќе добие работа и кров над глава, де Сад успеал да намами во свој дом една бездомничка. Потоа ја врзал и ја бичувал, ставајќи сол на нејзините рани.

Ова е само еден од скандалите поради кои де Сад завршил во затвор повеќе пати. Други скандали вклучувале оргии со проститутки.

koj bil Markiz De Sad 03

Романите на де Сад ја шокирале тогашната јавност, а ефектот не е ништо поразличен ни денес. Оргиите во неговите романи се само почетна точка, завршницата е секогаш криминал.

Убивање на жени, деца, инцест, абортус, содомија, некрофилија, мачење…ова се постојаните теми во книгите на Маркиз де Сад.

Одговорот на прашањето зошто де Сад успеал да „преживее“ до денешен ден можеби лежи во фактот што мрачната страна постои во секој човек, како и ниските нагони, желба за доминација, власт, моќ…

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg