Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да престанете да размислувате негативно?

Зошто луѓето понекогаш не можат да престанат да размислуваат за работи што ги обесхрабруваат? Дали знаете дека последните статистики тврдат дека дури 80% од нашите мисли се негативни? Дали некогаш сте се запрашале зошто размислувате негативно и колку често размислувате за болни ситуации и тажни спомени?

kako-da-prestanete-da-razmisluvate-negativno-01.jpg

Неверојатно е што луѓето толку многу се обидуваат да ја пронајдат среќата, а почесто се сеќаваат на негативните искуства.

Зошто сме склони кон негативно размислување и како можеме да ја смениме таа навика?

Зошто размислуваме негативно?

Секое негативно искуство со себе носи низа на непријатни чувства и негативни емоции, како што се тага, лутина, депресија или анксиозност. Треба да се нагласи дека негативните емоции имаат и добра страна, односно функција, која ни служи да преживееме во одредени опасни и непријатни ситуации.

Еволуциски, луѓето успеале да преживеат многу животни закани и пречки поради негативните емоции. Од психолошка гледна точка, константното размислување за причината на болката може да ни помогне да ја сфатиме болката и да научиме нешто од истата, бидејќи се случува со причина.

Со други зборови, ова е еден начин на прифаќање на ситуацијата и решавање на работите без игнорирање на проблемот. Тоа е воедно и желба да се чувствуваме подобро.

Но резултатот е понекогаш таков што се чувствуваме уште полошо и страдаме повеќе отколку што треба.

kako-da-prestanete-da-razmisluvate-negativno-2.jpg

Зошто се опасни негативните мисли?

Според теориите на когнитивно-бихевиоралната терапија, нашите мисли и вредности го одредуваат начинот на кој се гледаме себеси и светот околу нас. Мислите и верувањата, базирани на песимизмот, можат негативно да влијаат на емоциите, однесувањето и менталното здравје.

Песимистичкиот стил е опасен за менталното здравје на децата и возрасните. Една од овие опасности е научената беспомошност, која резултира со емпатија или откажување. Поединецот верува дека не може да се промени, поради што го генерализира сопствениот неуспех.

Negativni misli kako da prestanete da razmisluvate negativno 02

Моќта на позитивно размислување

Од друга страна, оптимистичкиот стил на размислување се покажа како заштитен фактор во зачувувањето на менталното здравје, особено во кризни ситуации. Луѓето кои се оптимисти и кои мислат позитивно, исто така, се позадоволни со животот, што значи дека нивните животи се побогати.

Доживување на позитивни емоции го стимулира излачувањето на невротрансмитерите кои го подобруваат расположението, како и општата физичка состојба на поединецот.

Како да престанете да размислувате негативно?

Нашите лични верувања се учат и развиваат со текот на времето, што значи дека стануваат стабилни во зрелоста и тешко се менуваат. Негативните шеми можат да станат вообичаен начин на размислување, кој е толку вкоренет во нашиот живот, што честопати не сме свесни за тоа.

Negativni misli kako da prestanete da razmisluvate negativno 03

Сепак, постојат начини на кои може да се прекине циклусот на негативните мисли.

За да се издигнете над негативните мисли, треба да почнете да обрнувате внимание на ситуациите кои ги предизвикуваат. Со други зборови, прво треба да го анализирате вашиот поглед на светот и начинот на кој се справувате со проблемите.

Откако ќе го разберете ова, обидете се да ја преземете контролата врз вашите мисли со предизвикување на истите.

На пример, ако сметате дека секогаш губите во сите ситуации и дека никогаш нема да успеете, обидете се да најдете докази за тоа. Сигурно ќе можете да најдете барем неколку животни ситуации за кои ќе можете да потврдите дека навистина сте успеале да го остварите она што сте го посакувале.

Ова значи дека имате доказ дека вашите мисли се неточни.

Кога сте свесни за вашите негативни мисли, тогаш постепено можете да ги промените во попозитивни и реални мисли. Кога ќе знаете како да ги препознаете негативните мисли, ќе можете да ги анализирате.

Развивање на нови убедувања и начини на размислување ќе бара дополнителен напор и конзистентност од ваша страна.

Со следење, справување и размислување за негативните мисли и верувања, ќе научите како да влијаете врз нив и како да ги развиете позитивните, охрабрувачките мисли, како и оптимистичкиот поглед кон светот.

kako-da-prestanete-da-razmisluvate-negativno-3.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Колку е човек посилен, толку е поскромен - Тие што се празни однатре создаваат врева Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дек...
„Никогаш не се откажувајте од никого, чуда се случуваат секој ден“: 20 животни лекции од 80-годишен ... „Позајмувајте само книги што не ви се важни“, „Размислете двапати пред да го опт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg