Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сликање со гол задник, луди предизвици - Бизарни онлајн трендови

Срамотење на родителите

Расправите со родителите беа здрав и природен дел од растењето. Но благодарение на интернетот, ова повеќе не важи. Срамотењето на родителите е тренд каде што луѓето се жалат за нивните родители онлајн, без разлика за која причина.

Доколку се чувствувате лошо за родители, немојте. Постои и друг тренд, срамотење на деца, и можете да најдете над 30.000 видео записи од родители кои ги дисциплинираат нивните деца со забрани за излегување, па дури и спалување на нивните новогодишни подароци.

nekoi-od-najbizarnite-moderni-internet-trendovi-07.jpg

Селфи фотографии на погреби

Ако сте поминале доволно време на Интернет, веројатно веќе знаете за креативните и морничави начини на кои луѓето ги користеле труповите низ историјата.

Еден ваков пример се фотографиите со мртовци од викторијанската ера. Но доколку мислевте дека ова е нешто од минатото, се лажете. Интернетот повторно ја прослави оваа „традиција“.

Многу луѓе на Инстаграм и Фејсбук почнаа да споделуваат селфи фотографии со телата на нивните починати роднини.

Иако некои сметаат дека ова е еден вид жалење за загубената личност, најверојатно станува збор за застрашувачката потреба да правиме селфи фотографии во буквално секоја ситуација.

slikanje-so-gol-zadnik-ludi-predizvici-bizarni-onlajn-trendovi-08.jpg

100 слоеви

Покрај бројните видеа за убавина и шминкање на YouTube и Instagram , сега можете да најдете и видеа каде што луѓето нанесуваат 100 слоеви од некој продукт. Од 100 слоеви облека, па сè до 100 слоеви шминка, најважното нешто кај овој тренд е бројот 100.

nekoi-od-najbizarnite-moderni-internet-trendovi-09.jpg

Предизвик со оган

За некои луѓе предизвиците со врела вода и сол и мраз не биле доволно, па се појави и предизвикот со оган. Овој предизвик вклучува ставање запалива течност на телото и нејзино палење.

Никој не треба да ви каже дека ова може да биде опасно по живот. Имено, имало многу случаи каде што луѓето, особено децата, завршиле во болница откако се обиделе да се снимаат за овој предизвик.

nekoi-od-najbizarnite-moderni-internet-trendovi-10.jpg

Стискање мозолчиња

Во пубертет, на сите ни кажуваа дека стискањето на мозолчињата и митесерите никогаш не е добра идеја. Медицинските лица можат да го прават тоа доколку нештата се влошат, но воглавно мозолчињата се привремени и треба да ги почекате да поминат.

Но на социјалните мрежи навистина се прославија видеата на кои е прикажано стискање мозолчиња. Без разлика колку одвратно ви изгледа, некои тврдат дека процесот е навистина задоволувачки за гледање, па популарноста на овие видеа не се намалува.

nekoi-od-najbizarnite-moderni-internet-trendovi-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Тренд кај скијачите – што е „Après-Ski“, што треба да носите, а што не смее да правите? Моментот кога завршувате со скијање и се собирате со пријателите во бачило или б...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg