Овошје како од вселената

ovosje-ko-od-vselenata-povekjeСветот на овошјето и зеленчукот е шаренолик и занимлив исто како и животинскиот свет, а поготово кога збориме за далечинте егзотични нешта.

 

Кивано

ovosje-ko-od-vselenata1

Кивано е боцкаста диња со потекло од јужна Африка, а позната е и по називот англиски домат. Освен што расте во дивината во Африка, се одгледува и во Калифорнија, Австралија, Чиле и Нов Зеланд.

Ова овошје изгледа како овална диња со боцки. Пред да созрее, киваното е зелен, а потоа добива жолто-портокалова кора, а внатре е исполнет со зелено желатинско месо.

Вкусот на ова овошје често се споредува со комбинацијата на краставици и тиквици или банана, краставица и лимон. Освен за јадење често се користи и како украс.

Личи

ovosje-ko-od-vselenata2

Кинеското овошје личи е единствен член на својот род кој содржи сапонин.

Станува збор за тропско и субтропско овошје кое потекнува од Кина, а расте на зимзелено дрво кое може да достигне 20 метри висина. Личи има црвенкаста лушпа која едноставно се отстранува, а внатрешноста му е слатка, проѕирно бела и месната.

Во главно се јаде свежо бидејќи во процесот на конзервирање го губи својот специфичен мирис. Кинезите ова овошје го го јадат и одгледуваат веќе 4000 години, но денес 75% од производството се случува во Индија.

ovosje-ko-od-vselenata3

Римска брокула

Римската брокула е во блиско сродство со карфиолот а прв пат се споменува во Италија воXVI век.

Овој зеленчук личи на карфиол, но е светло зелен и има идентични пупки. Секоја пупка се состои од многу мали пупки.

Жолти тиквички

ovosje-ko-od-vselenata4

Во едно англиско говорно подрачје жолтите тиквички се познати како pattypan squash, а во француското како patisson поради обликот кој потсетува на провансалски колач кој се прави во калап.

Нивниот изглед потсетува на летечки чинии, а обично се зелени, бели или жолти зависно од зрелоста.

Најмеки се додека не се зрели, а готвачите нивната внатрешност често ја вадат и ја мешаат со лук па повторно ја враќаат во кората, ја печат и така ги служат. 

Салак

ovosje-ko-od-vselenata5

Можеби најчудно од сите овошја, салакот е плод на палма која расте во Индонезија.

Плодовите се со величина на сливи и растат во гроздови близу до самото стебло, а имаат и помалку застрашувачка кора која неодоливо потсетува на змиска кожа, поради што не ретко го викаат змиско овошје.

Црвенкастата кора крие три кришки слични на лукот. Вкусот им е слатко-киселкаст, а можат да бидат суви, трошливи или крцкави и влажни зависно од местото на одгледување.

Би можело да ве интересира:

10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
„Што порачав, а што добив“: Разочарувачки и смешни фото-споредби од онлајн шопинг „Го предупредив другар ми дека не треба да нарачува од секаде. Се надевам дека с...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фото-докази дека некои луѓе не знаат да се однесуваат во ресторан Амбалажа од тампон во чинијата, расфрлана храна на подот, менување пелени на мас...
Заработува милијаради од производи за убавина, а шета несредена - Како изгледа најбогатата жена во с... Богатството го добила од компанијата која е синоним за женска убавина и шминка, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg