Престанете да чекате животот да ви стане совршен
Престанете да ги чекате викендите, летото или некој да се вљуби во вас.
Престанете да ги чекате безбројните доцни ноќи. Престанете да ги чекате невратените повици и неодговорените пораки. Престанете да чекате со минути, часови, денови или години. Престанете да ги чекате сите поздрави и сите неискажани збогувања.
Престанете да го чекате гласот што толку многу сакате да го чуете. Престанете да ги чекате рацете што ќе ве прегрнат силно. Престанете да ја чекате месечевата светлина која паѓа врз вас додека размислувате како би можело да биде.
Престанете да ги чекате луѓето кои не можеле да ги ценат вашите време и труд. Престанете да ја чекате јасноста што ја барате толку долго. Престанете да ја чекате утехата за заклучокот што ви е потребен.
Престанете да ги чекате извинувањата. Престанете да ја чекате неискрената љубов и несигурните чувства. Престанете да го чекате вашето место во нечиј живот.
Престанете да ја чекате несигурноста и престанете да ги чекате непочувствуваните емоции. Престанете да чекате некој да ве спаси. Престанете да чекате да бидете одбрани.
Престанете да чекате признание, никогаш не ви било потребно. Престанете да чекате да бидете сакани и прегрнати. Престанете да чекате да бидете слушнати, да бидете видени. Престанете да чекате да бидете разбрани.
Престанете да ги чекате сите неисполнети ветувања. Престанете да чекате причини, изговори и објаснувања. Престанете да чекате пред вашето срце да се скрши на милион парчиња. Престанете да чекате пред повторно да се изградите.
Престанете да чекате љубов, луѓе или нештата да се одвиваат како што треба.
Престанете да чекате животот да ви стане совршен.
Ќе ја почувствувате среќата само кога ќе престанете да ја чекате и кога ќе го извлечете најдоброто од моментот во којшто се наоѓате сега. Ценете ги тешкотиите, проблемите и болката. Најголемите и најважните животни лекции ќе ги научите преку нив.
Најдобриот проект на којшто ќе работите во вашиот живот секогаш ќе биде вие.
Спирова С. | Црнобело