Зошто е добро понекогаш да зборувате сами со себе?

Голема е веројатноста дека во текот на денот си зборувате самите со себе, дури и кога не сте свесни за тоа. Речениците како „Доцнам!“, „Ми се допаѓа овој фустан“ или „Имам толку многу работа“ сигурно ви поминале низ глава.

dobri-vesti-za-onie-koi-zboruvaat-samite-so-sebe-ovaa-navika-e-vsushnost-dobra-za-vas-02.jpg

Но, дали некогаш сте ги изговориле овие фрази на глас? Ако одговорот е „Да“, тоа не значи дека сте луди. Науката покажала дека од зборувањето сами со себе има многу придобивки.

Изгледа дека гласното искажување на некои ваши мисли може да ви помогне подобро да се справите со сегашноста и иднината. Значи, ова е нешто што сите би требало да го пробаме.

Според психијатарката Лиса Ференц, нема ништо поважно од начинот на којшто зборуваме со себе. Овој внатрешен монолог може да ви ги открие сите ваши мисли, емоционални состојби и однесувања.

Едноставно кажано, ако постојано се критикувате, си судите или се соочувате со денот со негативен став, самите си ја скратувате можноста да го видите доброто околу вас.

dobri-vesti-za-onie-koi-zboruvaat-samite-so-sebe-ovaa-navika-e-vsushnost-dobra-za-vas-01.jpg

Добар начин да ја подобрите вашата ментална состојба е да запишете за што сте благодарни, да ги запишете вашите јаки страни и неколку позитивни афирмации. Потоа застанете пред огледало и на глас прочитајте ги.

Можеби ќе се чувствувате смешно, но не откажувајте се. Со текот на времето ќе научите да му пристапувате на животот со позитивен став и ќе сфатите дека тоа е навистина лесно. Ова ќе го води вашиот живот, без разлика дали ќе бидете свесни за тоа или не.

Едно истражување покажало дека студентите кои научиле да го разликуваат позитивното и негативно разговарање со себе, можеле да ги променат нивните перспективи, однесувања и реакции.

Покрај тоа, доколку разговарате самите со себе, тоа е знак дека сте поинтелгиентни отколку што мислите.

dobri-vesti-za-onie-koi-zboruvaat-samite-so-sebe-ovaa-navika-e-vsushnost-dobra-za-vas-03.jpg

Исто така добро е пред да се соочите со заканувачка или застрашувачка ситуација, да си дадете мал говор за поддршка. На овој начин ќе добиете повеќе сила и храброст за да се соочите со предизвикот пред вас. Всушност, многу спортисти го прават токму ова пред да им почне натпреварот.

Ова не значи дека треба да ги премолчувате фрустрациите и да се фокусирате само на позитивните мисли. Постои место и за негативните мисли, само важен е вашиот пристап. Важно е да разберите дали вашите емоции се позитивни или негативни.

Кога ќе ги изнесете и негативните мисли, ќе си создадете простор да размислите за нив. Штом ќе си кажете што ви претставува проблем, запрашајте се дали имате корист да се грижите за тој проблем, или можете да го решите и да продолжите понатаму.

Па, следниот пат кога ќе разговарате со вас, немојте да се грижите. Разговарањето со себе е одличен начин да се запознаете и да почнете да се чувствувате добро во вашата кожа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg