Што точно е генетски модифицираната храна (и дали е безбедна)?

8.000 година п.н.е.: Луѓето почнуваат да користат традиционални методи за вкрстување и калемење.

1953 година: Благодарение на откритијата на хемичарката Розалинд Френклин, научниците Џејмс Вотстон и Френсис Крик ја откриваат структурата на ДНК-та.

shto-tochno-e-genetski-modificiranata-hrana-i-dali-e-bezbedna-09.jpg

1973 година: Биохемичарите Херберт Бојер и Стенли Коен го развиваат генетскиот инеженеринг, така што копираат ДНК од една бактерија во друга.

1982 година: Американската администрација за храна и лекови го одобрува првиот продукт за човечка употреба направен со помош на генетско модифицирање. Станува збор за лекот инсулин.

1986 година: Во САД е изготвен правилник според кој Американската администрација за храна и лекови (FDA), Американската агенција за заштита на природата (EPA) и Американскиот оддел за агрикултура (USDA) треба да ја регулираат безбедностa на генетски модифицираните организми.

shto-tochno-e-genetski-modificiranata-hrana-i-dali-e-bezbedna-10.jpg

1992 година: Според полисата на FDA, генетски модифицираната храна мора да ги исполнува истите стандарди за безбедност како и храната која не е модифицирана.

1994 година: На пазарот се појавува првата генетски модифицирана храна – домат – по бројни истражувања кои покажале дека е исто безбеден како и доматите кои не се модифицирани.

shto-tochno-e-genetski-modificiranata-hrana-i-dali-e-bezbedna-11.jpg

До 2000 година: На пазарот се појавуваат повеќе продукти од генетски модифицирани растенија, како соја, памук, пченка и компири.

2003 година: Светската здравствена организација и FDA развиваат меѓународен правилник и стандарди со кои се утврдува безбедноста на генетски модифицираната храна.

2015 година: FDA го одобрува продавањето на првата генетски модифицирана храна од животинско потекло – ГМО лосос.

shto-tochno-e-genetski-modificiranata-hrana-i-dali-e-bezbedna-12.jpg

2016 година: Почнуваат да се појавуваат закони според кои на продуктите мора да биде наведено дали се генетски модифицирани.

2017 година: Во САД почнуваат да се продаваат и генетски модифицирани јаболка.

shto-tochno-e-genetski-modificiranata-hrana-i-dali-e-bezbedna-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Емотикони што сигурно не сте знаеле дека ги употребувате погрешно (втор дел) Во комуникацијата на социјалните мрежи многу често се употребуваат различни емот...
Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg