Што да понесам со себе на музички фестивал?
Возбуден си да го слушнеш твојот омилен бенд? Секојдневно да бидеш во контакт со нови и насмеани луѓе? Да се вратиш дома со еден куп пријатни спомени? Сезоната на фестивали веќе е започната насекаде.
Пред да се претопиш со толпата на посетители, биди сигурен дека ги спакува основните работи што ќе ти обезбедат удобност и часови стоење на нозе.
Во продолжение следува листа на основните работи што треба да ги понесеш ако се решиш да одиш на некој музички фестивал:
Шатор – сите знаеме дека најинтересните случки се случуваат токму на кампот, па затоа ако преспивате таму, логички е да имате и шатор со себе. Во секој случај, на секого му треба по некој саат сон за нормално да функционира.
Воздушен душек – постои голема разлика од спиење на твра земја и спиење на воздушен душек. Ако си од оние кои не можат без неколку часа дремнување, тогаш биди сигурен дека пумпата за дување се наоѓа во твојот ранец.
Удобни патики – секој вид на фестивал бара многу стоење, пешачење, а и играње. Осигурај се дека имаш супер удобни чевли кои нема да те „убијат“ додека траат најдобрите журки.
Крема за сончање – знам дека одиш на фестивал, а не на плажа во Грција. Но, и тука и таму сонцето пече додека твојата кожа не ја направи жар црвена. Наместо утрата да ги дочекаш намачкан со кисело млеко, подобро заштити се и искористи го фестивалското време по свој мерак.
Преносна резервна батерија – во никој случај не е кул да дремеш на твојот паметен телефон додека си на концерт. Но, понекогаш едноставно мораш да го користиш. Во најмала рака, наместо да останеш изгубен од екипата поради празна батерија, биди сигурен дека секогаш телефонот ќе ти биде вклучен, барем за оние „не дај Боже ситуации“.
Презервативи – ако си сингл или во врска музичките фестивали секогаш ја разгоруваат љубовта и секогаш вреди да се грижиш за своето здравје.
Ако сакаш ова лето да ти биде поразлично, собери ја својата екипа и биди дел од Д Фестивал - најголемиот open – air фестивал во Македонија.
Спакувајте се за Д-Фиеста, а за да сте сигурни дека сте ги зеле најважните работи, проверете го и Д-списокот за пакување.
Од 12 до 14 јули во живо слушни ги: Ofenbach, Noisia, Akua Naru, Captain Hook, Napalm Death, Кирил Џајвоски, Суперхикс и уште многу други.
Д-Фиеста може да започне!
Автор: Е.Х. | Црнобело