Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Без навреда, но...“ - Фрази со кои никогаш не треба да започнувате реченица

Психолошкиот ефект на тоа како ја започнуваме реченицата е голем. Понекогаш не сме ни свесни дека со користење на одредени фрази, всушност испраќаме погрешна порака до соговорникот.

Bez navreda no So ovie frazi nikogas ne treba da ja zapocnete recenicata 01

Во продолжение ќе ви откриеме кои фрази не треба да ги користите кога ќе започнете разговорот, бидејќи истите ќе создадат погрешен впечаток кај соговорникот:

„Да бидам искрен…“

Доколку ја започнете реченицата со оваа фраза вашиот соговорник може да се запраша дали до сега не сте биле искрени со него.

Поради ова дополнување нашата реченица, односно нашиот став, го губи кредибилитетот.

„Без навреда, но…“

Веднаш штом соговорникот ќе ги слушне овие зборови, тој потсвесно ќе се подготви за навреда. Кога критикуваме некого, треба да бидеме многу внимателни.

Можете отворено да го прашате соговорникот дали сака да слушне конструктивна критика. Подобро е да ја започнете реченицата со „Загрижена сум бидејќи…", а потоа да го објаснете вашиот став.

„Ќе звучи глупаво…“

Оваа фраза создава впечаток дека немате доверба и дека не верувате во она што го кажувате. Пред сè, може да ви наштети во ситуации во кои се бара преземање на иницијативата.

Bez navreda no So ovie frazi nikogas ne treba da ja zapocnete recenicata 02

„Да бев на твое место…“

Во ситуации во кои никој не го бара вашето мислење оваа фраза е дефинитивно непожелна. Ако некој го побара вашиот совет, избегнете ја оваа фраза, бидејќи со неа порачувате дека вие знаете подобро.

Наместо тоа, користете фрази како „можеби би можела да се обидеш…“ или „дали си размислил за тоа да… ".

„Можеби грешам, но…“

Земете го вашиот став и бидете јасни. Ако мислите дека сте во право тогаш кажете го тоа.

Bez navreda no So ovie frazi nikogas ne treba da ja zapocnete recenicata 03

„Знам точно како се чувствуваш…“

Внимавајте на оваа фраза, особено ако разговарате со некој што, на пример, тагува. Никогаш не можеме да претпоставиме како некој се чувствува, бидејќи болката е индивидуална работа.

Објаснете ја вашата конотација или разбирање на поинаков начин, и запомнете дека во овие ситуации луѓето обично имаат потреба од поддршка и некој што ќе ги слуша во тишина.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg