Приказната за Џон Титор - временскиот патник од 2036-та година
„Ако е можно патувањето низ времето, зошто до сега не сме сретнале временски патник?“ Ова прашање го поставил Стивен Хокинг. Но, што ако ги запознавме временските патници, без да го знаеме тоа?
Постојат многу приказни за временските патници, кои тврделе дека доаѓаат од иднината. Многу скептици се сомневаат во овие приказни, но што мислите вие? Дали е можно да се патува низ времето? Ова е приказната за Џон Титор, временски патник од 2036 година.
Џон Титор, самопрогласениот патник низ времето за прв пат се појавува во јавноста на 29-ти јули, 1998 година. Тој кажувал дека во 2034-та година ќе се открие патувањето низ времето.
На еден форум напишал: „Здраво. Јас сум временски патник од 2036 година. Патувам дома откако го најдов IBM 5100 компјутерскиот систем во 1975 година. Мојата временска машина е стационарен објект произведен од General Electric“.
Тој тогаш објаснил како работи неговата машина и најавил дека ќе постави слики на истата.
Ја опишал својата машина детално, а покрај сликите го објавил и прирачникот. Додека околу него почна да се создава култ, во 2001 година, најавил дека ќе го напушти нашето време и ќе се врати во 2036 година.
Оттогаш му се губи секоја трага, а шпекулациите околу него постојат и денес.
Според она што го напишал познато е дека бил член на воена единица, чија задача била да ги собира работите од минатото кои ќе му помогнат на општеството во развој по граѓанската војна која започнала во 2004 година и траела 10 години.
Во 2036 година тој живее во Флорида со своето семејство, а животот им е фокусиран на семејствата и на заедницата. Тој кажувал дека не постојат големи индустриски комплекси кои создаваат бескорисна храна и предмети за забава и дека храната се одгледува и продава на локално ниво, а луѓето го поминувале времето во читање и разговарање.
Луѓето биле, се разбира, многу скептични за неговата приказна, но Титор воопшто не бил загрижен: „Мојата цел не е да ми верувате. Можеби треба да ви откријам една тајна. Во иднина никој нема да ве сака.
Ова време ќе се смета за период на мрзливи, егоцентрични, и цивилно неосвестени овци. Можеби треба да мислите помалку на мене и повеќе на тоа.“
Во разговорите во текот на следните неколку месеци, Титор зборувал за многу настани што „ќе ни се случат“ во иднина.
Кога станува збор за неговите предвидувања, тој зборувал за напади на Ирак од страна на Америка, третата светска војна во 2015 година, епидемии на болести, кравјо лудило и сл.
Исто така, кажал дека постои можност некој од луѓето што комуницирале со него да му се придружат во патувањето во иднината.
Иако ова звучи прилично неверојатно, треба да се запомни дека тоа било време кога виртуелната реалност не била испреплетена со сегашноста, како што е денес, како што не постоеле социјалните медиуми или паметни телефони.
Неколку години приказната за Џон Титор била главна тема на интернет. Основана е и фондација Џон Титор, регистрирана во Флорида, која ја продавала книгата: „Џон Титор: Приказна за временскиот патник.“
Но, кога пристигна 2005 година, а граѓанска војна во Америка не се случила, Олимписките игри не биле откажани, немало кравјо лудило, односно, предвидувањата на Титор не се обистиниле, неговата популарност стивна.
Ашера | Црнобело