Работи кои не смеете да ги правите во ситуации опасни по живот, иако не изгледаат така
Во тешки и опасни ситуации, луѓето може да се однесуваат неразумно, па добро е секогаш да знаете како правилно да постапите однапред.
За да не се соочите со последиците од различни опасни или помалку опасни ситуации, важно да имате на ум совети кои ќе ви овозможат однапред да знаете како да реагирате.
Со некои ситуации можеби никогаш нема ни да се соочите, но добро е да знаете како да се справите и што да правите.
Корисниците на Reddit решиле да одговорат на некои прашања за ситуации кои го загрозуваат животот – ова се нивните совети:
Не се обидувајте да совладате наоружан напаѓач. Освен ако не сте маестро во боречки вештини, не се обидувајте да го соборите.
Не носете кратки шорцеви и маици во летни горештини. Кога е најтопло, а го изложувате телото на директна светлина во жешките часови, истото се загрева и почнува да се поти. Како резултат на тоа, може да искусите дехидрација. Затоа, бирајте долга облека, од лесни материјали.
Ако сте изгубени во шума, не губете премногу време барајќи вода и храна. Прво најдете засолниште на топло и суво место.
Не јадете сè што јадат животните. Дигестивниот систем на животните и луѓето е различен, па иако многумина велат дека е во ред, сепак не треба да се осудувате на нешто такво.
Не пијте вода која ви изгледа чисто. Дури и ако водата ви изгледа чисто, тоа не е гаранција дека е безбедна за човечкото тело. Може да содржи бактерии и други штетни работи за здравјето.
При срцев удар или слична состојба, не давајте веднаш вештачко дишење. Иако во филмовите гледате дека во такви случаи прво се дава вештачко дишење, сепак за крвта да почне да циркулира во телото, неопходни се масажи на срце. Секако, најважно е да повикате брза помош.
Не стојте до врата за време на земјотрес. Иако многумина велат дека кога има земјотрес треба да се засолните под рамката од вратата, сепак, конструкцијата на некои од нив може да биде неквалитетна и кршлива, па можноста да се сруши е голема.
Не пијте алкохол кога е ладно за да се стоплите. Иако многумина знаат да кажат „напиј се, ќе се стоплиш“, сепак алкохолот само краткорочно дава чувство на топлина, заради ширењето на крвните садови. Но, потоа телото се лади многу побрзо.
М. М. | Црнобело