Како и колку е прифатена психотерапијата во разни земји ширум светот?

Психијатрите и психолозите ширум светот зборуваат за она што го гледаат и слушаат во своите канцеларии. Тие ги откриваат најчестите ментални болести на нивните нации, ставот на луѓето кон нивната професија и најголемите проблеми во нивните земји. На пример, психијатрите во Русија лекуваат со Толстој, додека Италијанците имаат вкоренети предрасуди за психотерапијата.

kako-i-kolku-e-prifatena-psihoterapijata-vo-razni-zemji-shirum-svetot-001.jpg

Во Русија постои традиционален скептицизам кон психијатрија. Луѓето најмногу се загрижени дека ќе бидат ставени во владиниот регистар на жители со психолошки проблеми, кој се користи за формални процедури, како што се добивање на возачка дозвола и служење на војската.

Сепак, благодарение на медиумите, популарните филмови и книги, психотерапијата сè повеќе станува „мејнстрим“ и помалку маргинализирана. Ова е особено забележливо кај младата популација која на психотерапијата гледа како на знак на самозаштита, вели психологот Витали Сонкин.

„Слушам различни приказни. Еден клиент ми кажа дека психијатарот му препорачал да го чита Толстој, бидејќи може да му послужи како модел за однесување.“ – вели Сонкин.

Антидепресивите станаа популарни и нивната употреба е, на некој начин, хаотична. Бидејќи многу луѓе не им веруваат на психијатрите, ги користат без препорака.

Италијанците имаат вкоренети предрасуди кон психотерапијата. Менталните болести се во пораст, а најчестата од нив е депресија. Сепак, статистиката не ги зема предвид луѓето кои сè уште веруваат дека психијатријата е за „луди луѓе“.

Vo Rusija se lekuvaat so Tolstoj 02

Во Италија сè уште постои културна предрасуда кон психотерапијата или антидепресивите, за кои се смета дека ги користат само луѓето кои го изгубиле својот разум.

„Употребата на антидепресивите е, исто така, зголемена кај адолесцентите, поради зголемената социјална изолација. Нивните животи се случуваат во нивните соби. Тие живеат во виртуелен свет.“ - изјави психијатарот Алберто Пеали.

Отсутни родители се главниот проблем во Кина. Голем број ментални пациенти во Кина се деца и адолесценти. Тие најчесто се соочуваат со анксиозност, депресија и самоубиствено однесување. Овие нарушувања се манифестираат како проблеми во учењето и хиперактивност.

Причината за овие проблеми најчесто е лош однос на децата и нивните родители. Во Кина има многу отсутни родители кои своите деца не ги ставаат на прво место.

Vo Rusija se lekuvaat so Tolstoj 04

„Во нашата земја постои голема средна класа, како и многу богато и сиромашно малцинство. Очигледно постојат галактички разлики во начинот на живеење, но било да сте извршен директор или работник, ако живеете одделно од вашите деца и ги гледате двапати месечно, тоа ќе го предизвика ист стрес.“ - објаснува Џорџ Ху, шефот на менталното здравје во болницата во Шангај.

Во Нигерија болестите се лекуваат со тепање. Бандите, тероризмот и киднапирањата се во пораст во Нигерија, што го прави животот на жителите хаотичен. Тоа се фактори кои доведуваат до проблеми со менталното здравје.

„Не постои сигурно истражување за ова, но веројатно имаме повеќе проблеми со менталното здравје од другите земји. Имаме само 250 психијатри за 200 милиони луѓе.“ - вели Оје Гуреџе, професор по психијатрија.

Мнозинството луѓе во оваа земја со вообичаени нарушувања, како што се депресија, анксиозност и посттрауматски стрес, никогаш не добиваат третман. Оние со сериозни нарушувања, како што е психоза, обично завршуваат кај верскиот или традиционалниот исцелител.

Тие користат растенија кои ретко даваат некаков ефект. Се служат со ритуали, жртви, молитви, постење и света вода, но и потенцијално штетни работи, како што се врзување, жртвување и тепање.

Vo Rusija se lekuvaat so Tolstoj 03

Социјалните мрежи ја зголемија анксиозноста во Египет. Сè уште постои стигма за менталното здравје во оваа држава. Една од нив е дека терапијата ќе ве направи „слаби“ или „по луди ", што ќе влијае на вашата работа или вашите шанси да стапите во брак.

„Епидемијата“ на паничните нарушувања започна по египетската револуција во 2011 година. „Зголемената употреба на технологијата и социјалните мрежи дефинитивно го зголемува нивото на анксиозност“ - рече психологот Салима Баракат.

Помладите се, по правило, повеќе освестени за психотерапијата. Помладата генерација, која сакаше да направи промена, беше повеќе фокусирана на сопственото ментално здравје.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 од најопасните професии во светот (и колку работници загинуваат) Рибарите кои ловат на отворено море и дрвосечачите кои работат со огромни дрвја ...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
Се заколнуваат на тајност до крајот на животот – Строгите правила што ги следат агентите на ЦИА Нормално, мора да се заколнат на лојалност на САД и ако ја предадат државата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg