Какво е влијанието на интелигенцијата врз должината на животот?

Според неодамнешното истражување на британските научници, луѓето со повисок коефициент на интелигенција најверојатно ќе живеат подолго. Научниците ги анализирале податоците собрани за време на шкотско психолошко истражување од 1932-ра година. На тој ден, речиси сите 11-годишници во државата решавале тест за интелигенција, а потоа бил следен нивниот животен век.

kakvo-e-vlijanieto-na-inteligencijata-vrz-dolzhinata-na-zhivotot-01.jpg

Се покажало дека поинтелигентните деца живееле подолго, иако биле исклучени факторите како економски статус и вид на работно место. Резултатите се поклопуваат со поранешни истражувања кои покажале поврзаност помеѓу коефициентот на интелигенција и морталитетот.

„Утврдивме дека коефициентот на интелигенција на испитаниците кои умреле пред 1-ви јануари 1997-ма година бил значително понизок во периодот кога имале 11 години, за разлика од оние кои тогаш биле живи“, стои во извештајот.

Податоците ги анализирале Лоренс Валеј и Иан Диари и се покажало дека децата со коефициент на интелигенција од 115 имаат 20% поголеми шанси да го доживеат 76-тиот роденден, за разлика код оние со коефициент 100.

Постојат неколку претпоставки за овие резултати. Интелигентните луѓе први би го ставиле безбедносниот појас во автомобил, би одбирале поздрава храна, би избегнувале пушење и би вежбале. Со други зборови, поинтелигентните луѓе подобро ги избегнуваат нештата што можат да убијат. Според друга хипотеза, високиот коефициент на интелигенција е знак за посилна телесна градба, односно организам и тело што би траеле подолго. Во овој случај станува збор за знак, а не за причина.

Третата претпоставка е дека постои генетска поврзаност помеѓу високата интелигенција и долговечноста. Сепак, ова останува нејасно бидејќи подобриот резултат на тестот за интелигенција не мора да биде одраз на интелигенција и може да зависи од општествената класа, образованието како и други културолошки разлики. Воглавно, постои врска помеѓу коефициентот на интелигенција и должината на животот, а на научниците останува да утврдат зошто е тоа така.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg