Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто повеќето девојки на Инстаграм изгледаат речиси идентично?

Ако отворите Инстаграм во било кој момент од денот, ќе ви излезат минимум 5-6 згодни девојки, со совршена насмевка, одлично исцртани веѓи, густи трепки, добро исфенирана коса... Но, како успеваат сите да личат една со друга?

zosto-povekjeto-devojki-na-instagram-izgledaat-recisi-identicno-05.jpg

Инстаграм во последниве години постави 4 главни трендови на кои женската популација не може да одолее.

И додека голем дел ги следат, не забележуваат дека полека почнуваат да наликуваат една на друга.

За што зборуваме?

1. Пластично лице

Оние со малку подлабок џеб, претежно Русинките, се одлучуваат за естетски корекции и хируршки зафати кои се сведуваат на поголеми усни, испакнати јаболкници, закосени очи и мал нос.

zosto-povekjeto-devojki-na-instagram-izgledaat-recisi-identicno-04.jpg

2. Нереално бели заби

Оралната хигиена е важна, но Инстаграм девојките ги актуелизираа средствата за екстремно избелување на забите. Покрај тоа што имаат идентични рамни заби, имаат и блескаво бела насмевка која има неприродна белина.

3. Инстаграм филтри

Инстаграм филтрите се исти за сите, па ако случајно заборават да стават малку повеќе шминка – ги користат истите.

zosto-povekjeto-devojki-na-instagram-izgledaat-recisi-identicno-01.jpg

4. Облека, трендови

Многу брендови го користат Инстаграм како главна платформа за рекламирање. Како резултат на тоа, секоја девојка порачува и купува облека која ја видела токму таму. На крај, 90% од жените завршуваат „униформирано“ сосема несвесно.

zosto-povekjeto-devojki-na-instagram-izgledaat-recisi-identicno-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg