5-те најчести проблеми на натпросечно интелигентните луѓе
Можеби интелигентните луѓе полесно се снаоѓаат во животот. Доколку пак се и екстроверти, успехот им е неизбежен. Сепак, постојат луѓе кои не се справуваат лесно со даровите на високата интелигенција.
Ова се само некои од проблемите со коишто се соочуваат натпросечно интелигентните луѓе:
Многу размислуваат, но малку кажуваат
Разговорите во кои учествуваат многу луѓе не им се омилена активност на интелигентните луѓе. При секоја изнесена идеја, во нивната глава само се создаваат уште многу нови мисли, па немаат ни време да кажат сè.
Последното нешто што го сакаат интелигентните луѓе е да кажуваат што мислат, додека другите не можат да ги следат.
Не сакаат мали разговори
Интелигентните луѓе не се заинтересирани за секојдневните теми. Поради ова, тешко им е да се вклопат во малите разговори во кои другите навистина уживаат.
Недостаток од предизвици
Интелигентните луѓе често запаѓаат во рутина бидејќи постојано им е потребен предизвик. Работата често им изгледа монотона и неретко се наоѓаат во ситуација во која можностите им се ограничени.
Речиси никогаш немаат простор да покажат сè што знаат, а ова може навистина да ги фрустрира.
Неодлучност
Обидувајќи се да го пронајдат најдоброто решение, интелигентните луѓе размислуваат премногу, а тоа им одзема многу време. Тие ја анализираат секоја ситница од ситуацијата.
Постојано преиспитување
Кога анализираат сè друго, интелигентните луѓе ќе се анализираат и себеси, и тоа до најситните детали. Поради ова, често се чувствуваат неудобно во сопствената кожа.
Спирова С. | Црнобело