Ексклузивно ледено вино
За леденото вино знаеле уште старите Римјани. Поетот Marcus Valerius Martialis во своите дела споменувал винари кои на крајот на ноември берат замрзнато грозје...
...а античкиот писател Плиние во првиот век напоменал дека постојат сорти кои се берат многу подоцна од останатите.
Наведените факти докажуваат дека за леденото вино се знаело уште пред многу години и тоа не е плод на некој нов тренд или случајност иако му се изгубила трагата се до 18-тиот век кога повторно го „откриле“ французите.
Леденото вино е популарно познато и како eiswein, и е вистинска реткост на пазарот и како такво има и своја цена (половина литар чини околу 60 евра). Производството е навистина голем предизвик затоа што гроздовите се берат на температура од -7 степени Целзиусови, со голи раце.
Познавачите се согласуваат дека високата цена на леденото вино е оправдана. Ароматичниот и сладок eiswein се пие како десерт или аперитив, а бербата се смета за врв на лозарската сезона. Освен што не се носат ракавици, берачите на лозјето мора да бидат точно во зората заради пониски и поповолни температури за грозјето отколку оние во текот на денот.
Еве како изгледа една ледена берба: