Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Извини за секој пат кога поради депресијата ти бев ужасна пријателка“

Пријателке, извини за секој пат кога те оттурнав од себе затоа што не сакав да забележиш дека не сум добро.

izvini-za-sekoj-pat-koga-poradi-depresijata-ti-bev-uzhasna-prijatelka-01.jpg

Писмо од девојка што страда од депресија напишано за нејзината пријателка стана вирален хит.

„Сакам да ти кажам извини.

Извини за секој пат кога не ти вратив на пораките, затоа што се мислев што да одговорам и на крај те игнорирав сосема.

Извини што ти откажував планови во последен миг кога анксиозноста ќе ме фатеше и не успевав да соберам храброст да излезам од дома.

Извини за лажењето, прикривањето работи, преправањето дека имав труење со храна и други измислици за кои не сум горда.

izvini-za-sekoj-pat-koga-poradi-depresijata-ti-bev-uzhasna-prijatelka-02.jpg

Извини за секој пат кога те оттурнав од себе затоа што не сакав да забележиш дека не сум добро.

Извини за миговите кога се разлутував без причина, бев иритирана и ја одбирав најлесната опција да те исклучам од животот, наместо да те пуштам во него.

Извини за миговите кога не бев 100% вклучена во разговорите, кога моето внимание луташе и се опседнував со хаосот во својот живот.

izvini-za-sekoj-pat-koga-poradi-depresijata-ti-bev-uzhasna-prijatelka-04.jpg

Извини за миговите кога се повлекував затоа што чувствував дека не можам да го одржувам твоето темпо.

Бев засрамена.

Засрамена поради тоа што и најлесните работи ми изгледаа како невозможна мисија, дека мојот мозок повеќе не беше безбедно место, дека се плашев да исклучам светлото, да отворам врата, да направам чекор.

Извини што се сомневав дали ќе ме разбереш.

Извини што мозокот ми кажуваше дека не можам да ти верувам или да се потпрам на тебе, дека би било грешка да ти кажам што ми се случува.

izvini-za-sekoj-pat-koga-poradi-depresijata-ti-bev-uzhasna-prijatelka-03.jpg

Toa e работата кај депресијата – што ти станува најголемата тајна и ги оттурнува сите од тебе.

Ви кажува дека не заслужувате пријатели и луѓе што ве сакаат.

Тешко ви е да ја доверите некому вашата најголема и најтешка тајна и за да го избегнете тоа ги оттурнувате од себе. Станувате актери и глумите дека сте во ред.

Пријателке, извини што ти го сторив тоа.

Извини што не бев добра пријателка.

Работам да го поправам тоа.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg