Делфините спијат со едно отворено око: 20 зачудувачки факти за светот околу нас

Светот сака од време на време да нѐ изненади, само колку да се осигури дека сѐ уште постојат толку многу нешта што умеат да нè фасцинираат. 

20-zacuduvacki-fakti-za-svetot-okolu-nas-01.jpg

Некои од вас не можат да го замислат денот без кафе, но најверојатно не знаете дека кафето всушност не дава енергија. Дури и ако мислите дека добро го познавате вашето тело, понекогаш се чудите зошто само едната ноздра ви е затната кога сте настинати.

Оние пак што имаат миленичиња сигурно имаат прашања во врска со нивното чудно однесување.

Дознајте 20 зачудувачки факти за светот околу нас:

1. Мачките имаат уникатни носеви

Исто како што луѓето имаат уникатни отпечатоци на прстите, така и мачките можат да бидат идентификувани по нерамнините на носевите.

2. Малите животни го гледаат светот во забавена снимка

Студија од 2013 година покажала дека колку е помало животното, толку побрзо неговите очи можат да процесираат информации. Бидејќи тие можат побрзо да процесираат информации од поголемите животни, за нив времето се чини како да минува побавно.

3. Кучињата гледаат во газдите додека се олеснуваат за да се чувствуваат безбедно

Кучињата се чувствуваат ранливо кога одат по голема нужда, па затоа гледаат во нивните сопственици за да се чувствуваат побезбедно. Тие очекуваат дека ќе бидат заштитени или барем предупредени доколку има опасност.

4. Бутан е единствената земја со негативен јаглероден отпечаток

Бутан е пример за земја кога станува збор за заштита на животната средина. Шумите во Бутан произведуваат толку многу кислород, што количината на кислородот ги надминува емисиите на јаглерод диоксид. Исто така реките во Бутан произведуваат електрична енергија.

5. Делфините спијат со едно око отворено

Кога спијат делфините, едната хемисфера од нивниот мозок останува активна, додека другата одмара. Така едното око останува отворено, а делфинот може да внимава на предатори. Оној дел од мозокот што продолжува да работи исто така го регулира и дишењето.

6. Бананите се свиткани затоа што растат кон небото

Оваа појава се вика негативен геотропизам. Бананите растат спротивно на силата на гравитацијата, онаму каде што има повеќе сонце, па затоа и растат искривени.

7. Мачките намерно ги игнорираат газдите

Мачките го препознаваат гласот на нивниот сопственик, но одлучуваат да го игнорираат. Научниците сметаат дека ова е така затоа што мачките „не биле припитомени за да им служат на луѓето“ туку „самите се припитомиле“.

8. Кучињата киваат за да покажат дека само си играат

Кучињата киваат за да им покажат на другите кучиња или на луѓето дека само се забавуваат, за да не се случи играта да премине во борба.

9. Од изметот на слонот може да се прави хартија

Квалитетна хартија може да се прави од изметот на слонот бидејќи тој е богат со растителни влакна, а исто така и е добро за природната околина бидејќи не се сечат дрвја.

https://www.instagram.com/p/BT3A115BORh/?utm_source=ig_embed

10. Зелената околина за време на детството може позитивно да влијае на менталното здравје во адолесценцијата

Истражувањата покажале дека растењето во зелена околина е добро за менталното здравје и значајно го намалува ризикот за развој на ментални заболувања.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg