Тајни за фотогеничност - Како да изгледате совршено на сите фотки без да се „пресликувате“?
Колку пати ви се случило да направите 50 различни фотки и на крај да одберете едвај една добра?
Им завидувате ли на оние кои објавуваат совршени селфи фотки и посакувате ли и вие да изгледате добро без да се пресликате неколку пати?
Доколку досега не сте успеале од прва да излезете совршено на фотка, не ги обвинувајте гените или несовршеностите.
Дури и оние кои не се толку совршени, може да бидат фотогенични и да испаднат добро на фотките.
Неколку трикови за да направите добра фотка без да се пресликувате 50 пати:
Правете нешто наместо класично да позирате
За поприроден изглед, наместо да правите неуспешни пози, направете нешто интересно, допирајте ја косата, очилата, телефонот и слично.
Поубава страна
Доколку сакате совршени фотки, мора да знаете од кој агол изгледате најдобро, најслабо и најмногу ги истакнувате позитивните црти.
Покажете емоции
Наместо да бидете вкочанети, покажете емоции – насмејте се, исплазете го јазикот, направете гримаса – бидете тоа што сте, природно.
Добра позадина
Покрај доброто позирање, важно е да имате и добра позадина, што ќе ја направи фотката побогата, па можеби ќе ги засени недостатоците од позирањето.
Сменете го стилот и изразот
Ако на камера секогаш сте насмеани, сега обидете се да направите некоја посериозна фаца или обратно. Може да експериментирате и со стилот и изгледот – различни фотки секогаш привлекуваат внимание.
М. М. | Црнобело