8 прашања што ќе ви помогнат да откриете колку долго ќе живеете

Се сеќавате на оние веб сајтови кои предвидуваа кога ќе умрете? Се што требаше да направите беше да го внесете датумот на раѓање. Основачот на bluezones.com, Dan Buettner, целата своја кариера ја посветил на проучување на луѓето кои имаат најдолг животен век, меѓу кои жителите на Окинава (Јапонија), Сардинија (Италија) и Никоја (Коста Рика).

8-prasanja-sto-ke-vi-pomognat-da-otkriete-kolku-dolgo-ke-ziveete-01.jpg

Тој составил низа на прашања преку кои може да утврдите колку долго ќе живеете, а резултатите во најмала рака ќе ве просветлат.

Неколку клучни фактори се тоа што јадете (треба да преовладува зеленчукот), колку се движите (најмалку 45 минути дневно), и дали сте опкружени со вистинските луѓе.

Ова е листата на научно поддржани прашања што ќе одредат колку долго ќе живеете:

- Дали најчесто спиете 7.5 часа?

- Дали се движите најмалку 45 минути дневно? (Не мора да се работи за вежбање во сала, доволно е да пешачите)

- Дали јадете три порции зеленчук дневно?

- Дали некогаш сте имале незаштитен секс со личност што не ја познавате?

- Дали припаѓате на одредена вера и го посетувате соодветниот храм барем 4 пати месечно?

Дали имате барем тројца пријатели кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Пријател со кој може да разговарате за важни, длабоки теми
  • Пријател на кој може да му се јавите за поддршка кога имате лош ден
  • Пријател кој вистински го сакате и цените

- Дали сте биле пушач во претходните 5 години?

- Дали имате здравје и желба да живеете барем 89 години? (Ова е всушност најважното прашање)

Еве што значат одговорите:

Ако одговоривте потврдно на две прашања - жените ќе доживеат 81 година, исто така и мажите

Ако одговоривте потврдно на пет прашања - жените ќе доживеат 86 години, мажите 82

Ако одговоривте потврдно на седум прашања - жените ќе доживеат 84 години, мажите 93

Доколку не ви се допадна резултатот, не очајувајте. Сега барем знаете каде да се поправите за да бидете долговечни.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg