Запознајте ги следбениците на Долината на изгрејсонцето - се сметаат за вонземјани
Со 800.000 следбеници и 600 поврзани храмови ширум светот, Долината на изгрејсонцето е една од растечките верски заедници во Бразил.
На прв поглед, Долината изгледа како минијатурен тематски парк, каде што посетителите можат да ги видат најголемите светски чуда, без да одат на скапи патувања. Изграден во сателитската област во близина на Бразилија, овој езерски комплекс содржи пирамида, храм кој изгледа како вселенско летало, молитвен центар и неколку скулптури во форма на елипса.
Оваа религија ги отсликува сите доктрини и верувања од разни религии и цивилизации, вклучувајќи го и христијанството, хиндуизмот, јудаизмот, Инките и древниот Египет.
Според следбениците на Долината на изгрејсонцето, вонземјаните почнале да ја населуваат Земјата пред 32.000 години за да ги унапредат човечките цивилизации. Членовите на Долината, познати како медиуми, веруваат дека тие се последната инкарнација на вонземјаните т.н. Јагуари.
Долината на изгрејсонцето е основана во 1959 година од страна на Неива Чавез Зелаја, позната како „тетка Неива“. Зелаја е вдовица со четири деца која работела како возач на камион во Бразил додека не почнала да доживува „спиритистички епизоди“, односно посети на духови од вонземските светови.
Два медиуми обично работат во парови за време на ритуалите. Апара или медиум што прима има задача физички да го инкарнира духот, додека медиумот за индоктринација ја презема задачата да го учи духот да го отфрли духовниот свет.
Следбениците на оваа религија веруваат дека ритуалите можат да им помогнат да ги искупат кармичките долгови од минатите животи.
Сепак, многу верски заедници од Бразил ја избегнуваат Долината, категоризирајќи ја како култ, но наместо да се третира како безопасен култ, треба да се анализира во контекст на нејзиното основање.
Оваа религијата била популарна кај сиромашните земјоделци и мигранти кои помагале во изградбата на Бразилија. Бразилија во тоа време го означувала модернизмот во Бразил, но хипер-организираниот бетонски град се покажал како непријателска дистопија, погодена од пренатрупаност и криминал.
Токму затоа се создала оваа потреба од некој вид на духовното лекување, што Долината го нуди, во вид на терапија, на незадоволните луѓе од Бразилија.
Ашера | Црнобело