Правила за шопинг во H&M?!
Се зборуваше дека ќе постојат одредени правила за купувачите кои сигурно ќе кампуваат пред продавниците на H&M ширум светот за да стигнат до колекцијата...
...на Ланвин, но никој не очекуваше дека ќе бидат вака строги.
1. Кога ќе стигнете во продавницата добивате нараквица во одредена боја која го означува временскиот период во кој можете да купувате.
2. Имате право само на две парчиња со ваша големина.
3. Се советува да одите со пријател кој ќе чека во редот за плаќање за да можете да го искористите ограниченото време за шопинг. Ако веќе сакате да купите парче од колекцијата Lanvin loves H&M упатете се во град кој има неколку H&M продавници, затоа што колекцијата е ограничена, а бројот на парчиња минимален.
Последната занимливост за колекцијата на Alber Elbaz за H&M е тоа дека на eBay веќе можете да набавите некои од моделите.
Се советува да не купувате ништо од eBay затоа што постојат строги правила и казни за ваквите продавачи и купувачи.