Десерт: Mousse au Chocolat
За сите љубители на слатките задоволства, чоколадниот mousse е класичен француски десерт кој нема да ве остави рамнодушни. Кај подготовката...
...најважно е да бидете трпеливи, а за комплетно задоволство се препорачува да користите чоколадо со висок процент на какао.
Постојат бројни варијации на mousse, а основниот рецепт секогаш може да се дополни со рум, коњак, ликер од портокал или кафе.
Состојки:
- 200 g чоколадо (со најмалку 70% какао)
- 5 јајца
- 150 g шеќер
- 125 ml слатка павлака
Подготовка:
Чоколадото исецкајте го на ситни парченца и стопете го на пареа (чоколадото не смее да дојде во допир со водата). Одвојте ги белките од жолчките на јајцето. Изматете ги белките и постепено додавајте 100 грама шеќер. Слатката павлака додајте ја на белките.
Изматете ги жолчките со 2 лажици жешка вода и 50 грама шеќер додека не се добие цврста смеса во која постепено се додава стопеното чоколадо (и евентуално додатоци за вкусот).
На крај додајте ја смесата од белките и слатката павлака. Мousse-от пoтoа мора да отстои 4-5 часа во ладилник. За декорација се препорачуваат парчиња темна и бела чоколада и ливчиња нане.