Ова е ваш живот - Не дозволувајте другите да ви прават 7 негативни работи

Вашиот живот е ваш избор, исто како и луѓето кои ќе дозволите да бидат дел од него. Заземете цврст став во однос на тоа.

ova-e-vash-zhivot-i-ne-dozvoluvajte-da-vi-gi-pravat-ovie-sedum-neshta-01.jpg

Непријателски настроени луѓе со тежок карактер не ви се потребни.

Можеби немате контрола врз она како другите постапуваат, но имате целосна контрола врз тоа како вие ќе се однесувате во однос на оние кои ве повредуваат. Одлучете кого ќе оставите зад себе уште денес.

Следниве нешта никогаш не дозволувајте да ви ги прават:

Да ве вовлекуваат во караници

Не губете време во објаснување и дообјаснување со луѓе кои веќе покажале дека немаат разбирање за вас. Караниците и расправиите не се добри за вашата лична вредност, дури и кога од нив излегувате како апсолутен победник. Ниедна караница не е вредна за вашето време.

Не им дозволувајте на другите да ве трујат со негативност

Позитивноста е избор, а вие треба да избирате мудро. Оддалечете се од негативноста која ве опкружува, бидејќи не е вредна за вашето време и внимание.

ova-e-vash-zhivot-i-ne-dozvoluvajte-da-vi-gi-pravat-ovie-sedum-neshta-03.jpg

Да ве малтретираат

Не дозволувајте ни физичко ни ментално насилство. И двете повредуваат. Нема ништо добро во тоа кога некој ве напаѓа. Не смеете да дозволите некој да се чувствува толку голем, за да може да биде насилен кон вас.

Неискреност од пријателите

Ако неколкупати сте ги фатиле во лаги, тогаш зошто воопшто уште се дружите со нив? Роднините не можете да ги изберете, но пријателите секако дека можете. Бидете вистински пријатели само на оние кои тоа го заслужуваат.

Не дозволувајте исти луѓе постојано да ве лажат

Ако фатите некого во лага, дајте му до знаење. Некогаш некој ќе се обиде да ве излаже повеќепати, мислејќи дека првиот пат ве надмудрил. Личноста која лаже не е добра личност. Дистанцирајте се навреме.

ova-e-vash-zhivot-i-ne-dozvoluvajte-da-vi-gi-pravat-ovie-sedum-neshta-02.jpg

Да бидете искористени

Понекогаш луѓето нема да забележат што сè сте направиле за нив до моментот кога ќе престанете со тоа. Но, вие заслужувате подобро. Ви требаат луѓе со кои ќе се смеете, кои нема да ве извисат и кои не ве земаат здраво за готово.

Да ве уверуваат дека промените се лоши

Она што вие не можете да го промените, ве менува вас. Не се плашете од промените. Тие се дел од сечиј живот и се случуваат со причина. Не е секогаш лесно да ги прифатите, но секако на крајот ќе биде исплатливо.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg