Зголемете ја самодовербата без да се срамите од своето минато
За да можеме да продолжиме лесно да чекориме низ животот, некогаш треба да се ослободиме од дел од товарот на животот кој го носиме со себе.
Несигурностите и потешкотиите што ги имаме со емоциите често доаѓаат поради настани од минатото. Затоа е потребно да ги разбереме причините кои ни ја разнишуваат самодовербата и да детектираме каде во нашето минато се наоѓаат.
Некогаш не можеме, а да не се запрашаме како луѓе со просечни достигнувања имаат многу поголема самодоверба од оние кои се брилијантни во своето поле? Зошто на едни им е лесно да се снајдат без многу труд, а други, кои се мачат, уште не можат да си го најдат местото под сонцето?
Лекцијата за самодоверба децата треба да ја учат и од своите родители, но и од наставниците. Многу би било полесно за сите кога на факултет би се запишувале со веќе изградена самодоверба и свесност за себе. Но, наместо тоа, имаме луѓе кои се фрустрирани од минатото и не можат да го остават толку лесно.
Критиките од детството, особено кога доаѓаат од личности кои ги сакаме, резултираат со срам и вина, дури и откако проблемот е надминат.
„Дебел/а си“ остава трајна рана дури и откако личноста ќе ослабне, исто како и „Глупав/а си“ дури и кога се постигнуваат натпросечни резултати.
Застрашувачка статистика е дека 7 од 10 млади личности сметаат дека не се доволно добри, во кој и да е поглед. Несигурностите од минатото може да ги „измешаат брзините“ во текот на градењето на карактерот.
Затоа, престанете да го обвинувате своето минато за она што сте денеска, туку обидете се да го надминете на некој од следниве начини:
Запрете го самокритичниот внатрешен глас
Многу полесно е да се каже, отколку да се направи, но следниот пат кога ќе почнете да го слушате тој глас, запрете го и уверете се себе дека тоа не е вистина.
Предизвикајте се себе
Третирајте ги своите чувства како да се ваши пријатели. Уверете се себе дека сте направиле сè што треба, но и во тоа бидете реални и умерени.
Работете на својот оптимизам
Надминете ја самокритичноста со тоа што ќе си помогнете себе да бидете пооптимистични. Секогаш кога ќе ве „нападне“ некоја мрачна мисла, која се заканува да ја уништи вашата самодоверба, посегнете по својот оптимизам. Наскоро сето тоа ќе стане ваша навика.
Чувајте физички знаци на самодоверба
Без разлика дали се пораки, честитки, писмо за благодарност, фотографии на кои изгледате добро... Сето тоа можете да го чувате во т.н. папка на самодовербата. Складирајте ги таму сите физички докази кои ве потсетуваат дека сте одлични, вредни и сакани.
Дружете се со оние кои се ваша поддршка
Една од најважните животни лекции е да научите како да се ослободите од оние кои се токсични за вас. Опкружете се со луѓе кои се ментално зрели и врз кои можете да се потпрете. Тие најмногу ќе ви помогнат во тоа да се изградите како стабилна личност која нема проблеми со своето минато.
Е. Д. | Црнобело