Како да се победат демоните на негативноста?
Во нашите животи се случуваат многу работи, секојдневно. Некои имаат значајно влијание врз нас, а другите се само епизодни појави, кои оставаат помала трага врз нас.
Исто така, се соочуваме и со ситуации во кои нашето трпение е ставено на тест. Луѓе на каса кои почнуваат да ги пакуваат продуктите откако платиле, патници во автобус кои упорно стојат покрај излезната врата и не се поместуваат, нељубезни продавачи, невнимателни возачи...
Понекогаш, си го поставуваме и прашањето „Зошто луѓето се такви? Зошто ние реагираме толку негативно?“
Се чини дека негативноста е неизоставен дел од човековата природа. Сакаме да се жалиме и да даваме акцент врз лошите настани од нашиот живот. Затоа и многу често манифестираме нетрпеливост, негативни емоции и не умееме да го цениме остатокот од она што ни се случува.
Бидете благодарни на себе
Не сте совршени, ниту пак се другите околу вас. На некој нема да му текне дека не е правилно да го блокира патот со својата количка за пазарење, или дека пречи во ходникот и дека треба да се тргне понастрана. Бидете благодарни на себе што вие не сте такви и што никогаш нема да пречите на излезот од автобусот, ниту пак ќе застанете среде улица да разговарате со некого.
Но, детектирајте ги и сопствените недостатоци. Запомнете, сигурно ги имате. Покажете ја доблеста така што ќе се потрудите да ги искорените од своето однесување.
Таквата постапка ќе ви помогне да бидете потрпеливи, но и да се изборите со демоните на негативноста. Не им дозволувајте тие да управуваат со вашиот живот и однесувањето и постапките. Само на тој начин ќе бидете онакви какви што сакате и какви треба да бидете.
E. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112131_400.jpg)