Зошто смеењето, кога не ви е до тоа, може да биде штетно?

„Победи ги негативните чувства со насмевка“, би рекле луѓето околу нас. Но, колку е ова психолошки издржано.

smeenjeto-koga-ne-vi-e-do-toa-mozhe-da-bide-mnogu-shtetno-01.jpg

Околината постојано нè става под притисок да се смееме и да бидеме оптимисти, дури и кога навистина не ни е до тоа. Глумењето среќа и насмевка може да ви влезе во навика и да го контролирате како со копче.

Но, тоа е една од најнездравите навики, особено за психолошкото здравје.

Проектирање на емоција која не постои, кога во нас се случува нешто сосема друго, во психологијата е познато како „површинска глума“.

Многу луѓе вложуваат големи напори да останат насмевнати во текот на денот, што кога ќе се вратат дома се целосно исцрпени и склони кон прејадување и други штетни навики.

Некои луѓе тврдат дека тоа што глумат среќа и расположение, особено во работните часови, подоцна ги прави иритирани и непријатни. Но, реалноста е и дека одредени ситуации го бараат токму тоа од нас.

smeenjeto-koga-ne-vi-e-do-toa-mozhe-da-bide-mnogu-shtetno-02.jpg

Зошто насмевката толку вреди?

Насмевката, како израз на лицето, оддава чувство на пристапност, пријатност и добро расположение. Луѓето попрво би пристапиле кај продавачот кој е насмевнат и расположен, наместо кај оној кој има неутрален или лут и нервозен израз на лицето. Затоа и се става толку голема цена на насмевките.

Но, исто како и кај вас, така и кај нив, таквата глума предизвикува сериозен емотивен товар. Во тој товар спаѓа и потиснувањето на реалните емоции и нивна замена со некои непостоечки и одглумени.

Самоконтролата е многу поефикасна во вакви ситуации, бидејќи не бара глумење среќа, но и не дозволува емоциите да избијат на површина.

Затоа, кога следниот пат ќе забележите некој кој треба да ви изврши каква и да е услуга, а не се смее, почитувајте го повеќе отколку оној со вештачката насмевка. Тие луѓе се пореални и поблиски до вас.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg