Развод и уште 6 други нешта за кои не сте знаеле дека се „заразни“

Кога се зборува за зарази, најчесто ви текнува на грипови, настинки, вируси…

Razvod i uste 6 drugi nesta za koi ne znaevte deka se zarazni 01

Но, има и нешта кои немаат врска со болести, а сепак може да ги „префатите“.

Негативно размислување

Луѓето со кои се дружите многу влијаат на начинот на кој се справувате со предизвиците во животот. За да присвоите нечие негативно размислување до степен да ви стане основен став во животот, потребни се само три месеци.

Razvod i uste 6 drugi nesta za koi ne znaevte deka se zarazni 02

Среќа

Од друга страна и среќата, за среќа, е заразна. Ако сте среќни, вашите пријатели се 25% посреќни, додека вашите соседи цели 34% посреќни.

Според едно истражување, награда од 5000 долари ќе ве усреќи само 2% повеќе, што значи тргнете во потрага по среќни пријатели и заборавете ги парите.

Откажување од цигари

Кога човек ќе престане да пуши цигари, неговото семејство и блиските пријатели ја зголемуваат својата можност самите да се откажат од цигари за цели 36%.

Razvod i uste 6 drugi nesta za koi ne znaevte deka se zarazni 04

Стрес

Нашиот мозок има способност да го детектира стресот кај другите луѓе преку симптоми како забрзано дишење. Штом го детектирате, веднаш и кај вас се лачи хормонот на стрес, а не е задолжително да бидете во иста просторија со човекот кој ќе ве зарази.

Стресот се пренесува и преку мејлови, СМС пораки и социјални медиуми.

Желба за нови нешта

Луѓето ги сметаат нештата за повредни кога другите ги посакуваат. Мажите и жените изгледаат попривлечни тогаш кога знаете дека се посакувани - оваа „зараза“ може да биде голема замка, затоа внимавајте и бидете благодарни за она што го имате.

Осаменост

Логично е да мислите дека далечината ги спречува осамените да ја шират својата изолација, но всушност се случува спротивното.

Истражувањата покажуваат дека кога една личност се чувствува осамено, останатите во нејзино друштво ќе почнат исто така да се чувствуваат осамени со тек на време.

Razvod i uste 6 drugi nesta za koi ne znaevte deka se zarazni 07

Развод

Ако вашите пријатели се разведени, шансата за развод на вашиот брак е 75% поголема од оние чии пријатели се во брак. Ако пријател на вашите пријатели се разведе, шансите за развод на вашиот брак се 33%.

Она што може да ви помогне да ја зацврстите вашата врска, според истражувањата, е да им помогнете на пријателите да ги надминат проблемите во своите односи.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg