Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Верувате ли во космички врски и дека некои луѓе во вашиот живот се со причина?

Во текот на животот запознаваме голем број луѓе, но само ограничен број од нив остануваат со нас засекогаш, во секоја животна прилика.

veruvate-li-vo-kosmichki-vrski-i-deka-nekoi-lugje-vo-vashiot-zhivot-se-so-prichina-01.jpg

Луѓето со кои се среќаваме, стапуваме во контакт и формираме некаква врска, неизмерно влијаат врз нашиот живот и врз одлуките кои ги носиме, без оглед на тоа колку долго останале.

Овие пет видови на космички врски веројатно веќе сте ги оствариле:

Оние кои треба да ве разбудат

Во младоста, особено во фазата на развој и созревање, запознаваме голем број луѓе. Некои од нив влегуваат ненајавени во нашиот живот и нè освојуваат со својот карактер и појава.

Тие ни даваат ветер во грб и одново нè потсетуваат дека вреди да се движиме напред, но и дека некогаш треба да направиме одредени промени во начинот на кој живееме.

Оние кои нè потсетуваат

Постојат луѓе кои епизодно се појавуваат во нашите животи и нè потсетуваат на целите кои треба да ги оствариме. Тие ни помагаат да се сконцентрираме на вистинскиот животен пат, нè потсетуваат кои сме, што можеме и што заслужуваме.

veruvate-li-vo-kosmichki-vrski-i-deka-nekoi-lugje-vo-vashiot-zhivot-se-so-prichina-02.jpg

Оние кои ни помагаат да пораснеме

Во животот на секој човек постои барем една личност, која на еден или друг начин му помогнала да порасне ментално. Некогаш со своите постапки може и да нè навредат или повредат, но она што го учиме од нив е како храбро да чекориме низ животните авантури и да научиме нешта со нивна помош, кои сами не би можеле да ги совладме.

Оние кои го окупираат нашиот простор

Постојат луѓе со кои сме оствариле врска, но веројатно не се ни сеќаваме на нив. Тоа може да е обичен минувач кој ви се обратил, некој со кого сте имале попатен разговор, но не сте воспоставиле посилен контакт.

Тие немаат некоја значајна улога во нашиот животен пат, туку само ве развеселуваат во одредени ситуации.

Оние кои остануваат

Оние кои ќе останат со вас се најретките, најпосебните и најдрагоцените. Тука спаѓаат блиските пријатели, секако семејството, а може да се вброи и сродната душа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg