Запознајте се со енергетските центри во нас – чакрите

Секој треба да знае дека човечкото тело претставува енергетски систем, низ кој тече животна енергија, позната како прана или чи. Во секое човечко тела постојат енергетски центри кои имаат за цел да ја апсорбираат енергијата од универзумот и од самата околина. 

Zapoznajte se so energetskite centri vo nas cakrite 3

Тие енергетски центри се наречени чакри. Или познати како витли кои се движат со голема брзина и преку енергетски канали ја распространуваат енергијата низ целото тело.

Ако првпат се сретнуваш со чакрите, ова ќе биде доста за почетокот. Секогаш постои простор да се нурнете и лично да ги спознаете мистериите на животот.

Прва или „базна“ чакра се наоѓа на почетокот на ’рбетот, има црвена боја и го претставува елементот на земја. Освен што е поврзана со животот на земјата, таа се грижи за нашата сигурност и за нашето постоење.

Втора или „сакрална“ чакра се наоѓа над половите органи, поточно над папокот, има портокалова боја и го симболизира елементот на водата. Токму преку неа се појавува нашата страст, задоволство, сексуалноста и истовремено е чакра на нашите емоции.

Трета или „соларен плексус“ чакра се наоѓа над папокот и има жолта боја, што го претставува огнот. Личната моќ е една од главните карактеристики на оваа чакра, која истовремено ги отсликува и акциите со кои се стремиме да се препуштиме на животот.

Четврта или „срцева“ чакра е сместена веднаш до срцето и има зелена боја, што го прикажува елементот на водата. Таа освен што е централна чакра, истовремено претставува и центар на будење на нашето вистинско „Јас“.

А најважно е тоа што преку овој енергетски центар ја изразуваме љубовта спрема светот, а пред сè спрема себеси.

Zapoznajte se so energetskite centri vo nas cakrite 1

Петта или „грлена“ чакра е сместена во грлото, има светлосина боја и го претставува елементот на етерот. Како една од главните функции на оваа чакра е изразувањето, комуникацијата, како и можноста човекот да се изрази креативно и да ги пренесе своите идеи и концепти надвор од себе.

Шеста или „челна чакра“, исто така позната како „трето око“, се наоѓа помеѓу веѓите, со боја на индиго. Таа е седиште на нашата интуиција и визиите што ги добиваме. И преку неа се согледува како функционира светот околу нас и му овозможува на човекот да воспостави отвореност на умот.

Седма или „крунска“ чакра се разликува од останатите што се наоѓа надвор од телото, поточно над темето. И е присутна во две бои: виолетова и бела. Освен што ја претставува сржта на човечката душа, таа истовремено не поврзува со целиот универзум. Седмата чакра е чакра на просветлувањето.

Zapoznajte se so energetskite centri vo nas cakrite 2

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg