8 знаци дека токму вие сте „волкот во светот на овците“

Животот не е лесен, но секој миг е вреден за живеење. Да се биде волк во светот на овците воопшто не е лесно, и во буквалната и во преносната смисла на фразата.

8-znaci-deka-tokmu-vie-ste-volkot-vo-svetot-na-ovcite-01.jpg

Силните, независните и уникатните луѓе умеат да го најдат своето место под сонцето и да ги досегнат оние висини кои на обичните луѓе им се недостижни.

Една позната изрека вели: Подобро е да сте сами, а на правиот пат, отколку со целата толпа кон провалијата.

Овие осум знаци ќе ви покажат дека вие сте (или барем целите да бидете) волкот:

Посветени сте

Кога имате цел, ништо не може да ви застане на патот. Секогаш сте мотивирани и спремни за акција, во кое било време. Како и волкот, не ви е тешко да бидете ловец за да можете да го добиете она што го сакате.

Ги штитите оние кои ги сакате

Баш како и секој волк, вие се грижите за својата „глутница“ од драги луѓе. Кога се во прашање најблиските, се претворате во ѕвер кој е подготвен дури и крволочно да ги заштити, без оглед на сè.

Независни сте

Својата слобода ја цените повеќе од сè. Сакате да бидете она што сте и да ги следите своите патишта. Често и се изолирате за во самотија да можете да ги преиспитате своите цели.

Ја обожавате ноќта

Ноќта е време за волците. Тоа е период кога слабите се одмараат, а волците напаѓаат. За вас, ноќта е време за размислување, а често и за работа. Тогаш ви доаѓаат најдобрите идеи.

8-znaci-deka-tokmu-vie-ste-volkot-vo-svetot-na-ovcite-02.jpg

Многу сте коректни и искрени

Луѓето може да помислат за вас и дека сте диви, но едно е сигурно - ниту ви се лаже, ниту ви се губи време за игри. Затоа безрезервно го кажувате она што го мислите.

Ја прифаќате својата единственост

Свесни сте дека не мора да бидете дел од просечната толпа за да се вклопите и успеете во својата средина. Знаете и дека таквиот потег само ќе ве уназади.

Горди сте

Што и да ви е случува во животот, останувате силни. Не си дозволувате да се скршите дури ниту пред самите себе. Како и на сите луѓе, така и вам некогаш не ви е сè најдобро, но тоа не значи дека треба да му се потчините на животот.

Не би се менувале за ништо

Се сакате такви какви што сте и ви се допаѓа како пристапувате на животот. Не дозволувајте никому да направи овца од вас. Таа борба не е лесна, но во секој случај, е навистина вредна.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg