Носење влечки, менување сијалица - Чудни забрани во земјите низ светот кои ги изненадуваат и локалците
Пред секое патување, добро е да се запознаете со правилата и стандардите во земјата која ја посетувате, со оглед на тоа што веќе ни е познато дека секаде важат различни, чудни закони.
Иако малкумина се интересираат за локалните закони, сепак добро е да ги знаете за да избегнете неволји и непосакувани ситуации.
Во различни земји, покрај основните закони, постојат и други чудни закони и забрани, за кои може да бидете казнети.
За да избегнете непријатни ситуации, „проучете“ ги следниве забрани:
Грција – компјутерски игри
Во 2002 властите во Грција го забраниле играњето видео игри, па дури и уапсиле посетител во интернет кафе поради играње и предизвикување паника, а минималната казна е 3 месеци затвор и казна од неколку илјади евра.
Иран – модерни фризури
Пред неколку години власта ставила вето на неколку модерни фризури како опавче и четка и долга коса за мажи, а дури креирале и каталог со илустрирани фризури кои се дозволени.
Малезија – жолта облека
Ако носите жолта облека во Малезија може да добиете казна од 1.185 долари. По уличните протести на кои незадоволните од изборите носеле жолти маици, министерот за внатрешни работи ја забранил облеката во оваа боја.
Канада – помошни помагала за проодување
Од 2004-та година, владата го забранила производството и продажбата на помагала за проодување на бебиња, бидејќи биле опасни.
Шведска – танцување на улици
Во Шведска не може да танцувате на улица без официјална дозвола која треба да се побара од посебна институција.