Носење влечки, менување сијалица - Чудни забрани во земјите низ светот кои ги изненадуваат и локалците
Бразил – користење на солариум
Законот важи од 2009-та, а вклучува увоз, изнајмување и продавање на опрема за создавање на вештачки тен, заради опасноста по здравјето.
Италија – влечки
Во неколку региони во Италија постојат казни за носење несоодветни чевли , а на туристите им е забрането да носат влечки во паркови. Прекршувањето на правилото може да чини од 50 до 2.500 евра.
Австралија – менување сијалица
Во некои делови од Австралија е забрането луѓето сами да изведуваат електрична работа, а според закон овие ризични процеси мора да ги изведува лиценциран професионалец.
Туркменистан – црни автомобили
Тука, црната боја се претпоставува дека носи неволји, а белата е симбол на среќа, па заради ова, од 2018-та се забранети црни автомобили, а сопствениците на истите, мора да ги префарбаат.
M. M. | Црнобело