Наградено: квалитетен живот
-->
Едно италијанско списание распишало конкурс за најдобро прикажување на квалитетен живот. Победила приказната, односно моделот...
...на еден читател од Џенова.
-->
Нејзиниот подобар дел е:
Мојот ден
- Станувам во 5.30 часот.
- Следува задолжително вежбање од најмалку 30 минути.
- Појадокот е доста обилен.
- Работам од 7 до 13.30 часот, не подолго.
- Средината на денот за мене е нешто посебно. Ручекот е стандарден, ни преобилен ни пресиромашен. Секогаш има нешто кашесто.
- Следи кратка прошетка и одмор. Сакам да си прилегнам, но и во тоа не претерувам.
- Со работа обично се фаќам од 16 часот, па се до 17.30. Го средувам работното место и си правам план за утре.
- Секогаш знам кога да започнам и што да направам наредниот ден.
- Приквечер правам некои активности во зависност од расположението (спорт или прошетка). Може и некое хоби. Со задоволство седам во градината. Сакам природа, слобода и свеж воздух.
- Вечерата е секако помеѓу 19 и 19.30 часот. Ми одговора полесен оброк.
- Потоа се посветувам себе си, некој вид духовен развој: разговарам со некого, размислувам позитивно, понекогаш читам нешто. Не сакам кикотење, мразам оговарање.
- Пред да си легнам – шетам. Легнувам во 22.30 часот (светлото го гаснам 15 минути подоцна).
- Мене ми одговара овој уреден ритам, на другите можеби не. Живеам како по план. Со надредените соработувам добро.
- Го знам своето „место“. И чувствувам некаква сигурност на него.
- Не пијам, не трошам пари на било што, немам секс, не пушам...
- Матео.
П.С. Овде сум веќе долго. Ако биде сè по планот, се надевам дека наградно ќе ме пуштат за Божик.
-->
-->
.
-->
.
.
-->
.
.
.
.
.
.
.
.
Би можело да ве интересира:
Особини на ментално силните личности, според Сигмунд Фројд
Поминал голем дел од животот зборувајќи за лошите навики што ги избегнуваат мент...
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето
„Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Фото-докази дека некои луѓе не знаат да се однесуваат во ресторан
Амбалажа од тампон во чинијата, расфрлана храна на подот, менување пелени на мас...
Како да препознаете емоционално незрела личност (и како да постапите со неа)?
Избегнувањето конфликти и незнаењето како да се постапи во одредени ситуации или...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Џиновска пастрмајлија, огромно јајце од ној и уште 11 јадења со неверојатна големина
Виенска шницла поголема од чинијата, лиснато печиво големо колку волан во автомо...