Неколку теории за тоа зошто сè уште не успеавме да ги откриеме вонземјаните

Вонземјанин се дефинира како хипотетичко или фиктивно суштество од друг свет. Човештвото безброј години било опседнато со она што живее во универзумот, без разлика дали се работи за божества или мали зелени луѓе во неидентификуван летечки објект.

Nekolku-teorii-za-toa-zosto-se-uste-ne-uspeavme-da-gi-otkrieme-_vonzemjanite-01.jpg

Кога во науката се разви технологија која нѝ овозможи да го истражиме универзумот, конечно сонот на секој земјанин стана реалност. Ќе можеме да докажеме дека не сме сами во вселената. Такви сме ние луѓето, социјални. Иако овие истражувања се популарни, некако не дојдовме до голем напредок, што се однесува до нашите вонземски соседи.

Што мислите, зошто сè уште не успеавме да ги откриеме вонземјаните? Или пак…тие веќе живеат меѓу нас?

4-димензионални суштества

Замислете како би изгледало едно дводимензионално битие. Би било рамно, бидејќи би немало длабочина. Дводимензионалното суштество не би можело да ги разбере или да ги погледне тридимензионалните битија како што се луѓето. Сега замислете како би изгледало четиридимензионално битие во нашата димензија.

Според оваа теорија вонземјаните постојат и можеби нè имаат откриено, можеби и живеат меѓу нас. Тие би можеле да постојат во истата димензија, како и луѓето, но луѓето не би можеле да го доживеат или разберат таквото битие.

Ова значи дека никогаш не сме сами. Пред да заспиете вечерва, погледнете ја вашата празна спална соба, можеби ве гледа некое четиридимензионално суштество.

Не се доволно развиени

Универзумот постои веќе 14 милијарди години, додека Земјата постои 10 милијарди години. Според оваа математика, луѓето дури во 21-от век почнале да се развиваат технолошки.

Првите луѓе поминувале низ многу фази, од ловци-собирачи до создавачи на градови и нации. Денес сите веруваат дека вонземјаните се неверојатно напредна и технолошки супериорна раса.

Оваа верзија ја промовираат филмовите и сериите, но подеднакво е веројатно дека, додека луѓето ги испраќаат сложените пораки во универзумот, вонземјаните допрва треба да го совладаат огнот.

Nekolku teorii za toa zosto se uste ne uspeavme da gi otkrieme vonzemjanite 02

Премногу се далеку

Универзумот е големо место, толку големо што е, всушност, бесконечно. Најбрзата потврдена честичка е фотонот, светлосната честичка. Со нашето сегашно разбирање на физиката, ништо не може да се движи побрзо од светлината.

Да претпоставиме дека луѓето некогаш ќе успеат да ја постигнат брзината на светлината, ова би била најголемата брзина за навигација. Најблиската ѕвезда до Земјата е Проксима Кентаури, која е оддалечена околу 4.22 светлински години. Ова значи дека би ни требале најмалку четири години да ја најдеме најблиската ѕвезда до Земјата.

Доколку научниците не ги откријат теоретските честички кои се движат побрзо од светлината, можно е дека вонземјаните едноставно живеат предалеку.

Тие се нешто што не го препознаваме

Во расказот на Тери Бисон („They’re Made Out of Meat“), двајца вонземјани зборуваат за човечката раса. Едниот се обидува да му објасни на другиот дека луѓето се „направени од месо“. Но ова правило не важи за сите видови. Поради овој факт вториот вонземјанин има потешкотии да го разбере овој концепт.

Начинот на кој ги бараме вонземјаните ги вклучува работите кои нас ни се важни и работите кои ги разбираме. Во оваа смисла сме насочени кон човечкото разбирање на животот.

Но што ако вонземјаните немаат потреба од кислород или вода? Вонземјаните можеби живеат меѓу нас или блиску до нас, но нашата дефиниција на животот е премногу ограничена.

Nekolku teorii za toa zosto se uste ne uspeavme da gi otkrieme vonzemjanite 03

Дали се слушаме?

Првиот примарен метод во потрагата по вонземјанскиот живот е испраќање на радио сигнали во универзумот, со надеж дека ќе го добиеме одговорот. Вториот е преку гаџети како телескопи, преку кои ги гледаме планетите и попатно проверуваме дали имаат вода, струја или атмосфера.

Ова е нашиот метод на комуникација, гледање и викање: „Има ли некој?“, што многу потсетува на секоја втора реплика во лош хорор филм. Статистички, овој метод е најдобриот избор, но што ако и вонземјаните се обидуваат да разговараат со нас со векови?

Замислете како би изгледало кога некој би сакал да ви се јави на мобилен телефон, а вие користите само димни сигнали?

Невозможно е да се каже дали луѓето се оние со телефонот или сигналите во тоа сценарио, но во секој случај, сите ќе се чувствуваат глупаво кога ќе сфатат дека комуницирале погрешно цело време.

Nekolku teorii za toa zosto se uste ne uspeavme da gi otkrieme vonzemjanite 04

Вонземјаните не постојат

Универзумот е полн со можности за живот сличен на нашиот, а и самиот постои долго време, доволно долго за да се воспостави контакт, нели? Ова е можеби најдосадната теорија која објаснува дека вонземјаните не постојат.

Можеби силната желба на луѓето да веруваат дека не се сами е поврзана со големиот страв од осаменост. Можеби поминуваме низ космичка егзистенцијална криза. Затоа измислуваме богови, духови, демони, митски суштества, вонземјани, но проблемот е што сите овие „фиктивни“ ликови имаат познат облик. Веќе се нешто видено и копирано од природата и светот околу нас.

Не можеме да измислиме нешто што не постои, нешто што не го разбираме во нашата свест, како концепт или како начин на живот, бидејќи се потпираме само на она што го знаеме.

Nekolku teorii za toa zosto se uste ne uspeavme da gi otkrieme vonzemjanite 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg