Филозофии за среќа од различни земји низ светот кои треба да почнете да ги следите

Среќата за секого има различно значење и секој на различен начин ја доживува, но во некои земји постојат одредени филозофии за среќа кои луѓето ги практикуваат.

filozofii-za-srekja-od-razlichni-zemji-niz-svetot-koi-treba-da-pochnete-da-gi-sledite-01.jpg

Некои земји низ светот се грижат луѓето да уживаат во животот, а доколку барате начин за ослободување од стрес и наоѓање среќа, тие го имаат рецептот.

Во продолжение следат неколку концепти за среќа од различни земји кои може да ги применувате и вие:

Kalsarikänni (Финска)

Доколку сакате буквално да го сфатите значењето на зборот, истиот би се опишал од прилика вака – „пиење алкохол дома, облечени во долна облека, без да имате никакви обврски“.

За разлика од другите скандинавски концепти за среќа, овој не наложува дека треба да имате совршено уредена околина и удобно катче, туку е многу пореален.

Kalsarikänni рецептот за среќа:

Си доаѓате дома навечер, ги облекувате најудобните пижами и топли чорапи, отворате шише вино, земате грицки, чоколатца и сè што ве прави среќни и исполнети, пуштате добра музика и се релаксирате без ништо да ви пречи.

filozofii-za-srekja-od-razlichni-zemji-niz-svetot-koi-treba-da-pochnete-da-gi-sledite-02.jpg

Shinrin-yoku (Јапонија)

Во превод ова би значело бања во шума, а поентата на оваа терапија е да уживате во природата и да го пронајдете својот мир во неа, а важи за уникатен метод за борба против депресија и стрес.

Рецептот за среќа:

Одите во шума, си наоѓате мирно место и искористете ги сите сетила – гледајте наоколу, дишете, слушајте шумови, допирајте ја природата и вкусете го воздухот.

Затворете ги очите и почувствувајте ја хармонијата, па правете го она што најмногу ве исполнува – цртање, шетање, медитирање и слично.

filozofii-za-srekja-od-razlichni-zemji-niz-svetot-koi-treba-da-pochnete-da-gi-sledite-03.jpg

Ikigai (Јапонија)

На јапонски ова би значело „суштина на животот“, но има дефиниција која подобро го опишува зборот и концептот – причина што ќе ве натера да станете наутро.

Дали тоа ќе биде мирисот на кафе, вашиот партнер, миленичето или возбудлив проект на работа – важно да ве натера да посакате да го започнете денот.

Рецептот за среќа:

Започнете го утрото со омилената храна. Така полесно ќе сакате да се расоните и да продолжите со денот во добро расположение. Направете некои промени во животот и поминете барем 1 час во денот на омиленото хоби.

Бидете храбри, љубопитни и независни кога се работи за туѓите мислења. Но, не треба да ве прави среќни повредувањето на другите. Бидете среќни кога малите и добри работи се случуваат. Нека ви бидат цел процесите.

filozofii-za-srekja-od-razlichni-zemji-niz-svetot-koi-treba-da-pochnete-da-gi-sledite-04.jpg

Lykke (Данска)

Зборот во превод значи среќа, а целта на концептот е да се постигне универзална радост и секојдневно уживање во животот.

Рецептот за среќа:

Направете нешто добро со што сите ќе се чувствуваат среќно – на пример, одете кај соседите или кај пријател и однесете им некое вкусно јадење. Или, насмевнете му се на странец и посакајте му убав ден. Променете го работното место ако не ви се допаѓа. Не го трошете животот на безвреден начин и не се ограничувајте.

filozofii-za-srekja-od-razlichni-zemji-niz-svetot-koi-treba-da-pochnete-da-gi-sledite-05.jpg

Pali-pali (Јужна Кореја)

Иако во многу земји среќата е способност да се живее во моментот, да се биде смирен и да се одржува бавно темпо, во Јужна Кореја сè е наопаку.

Во оваа земја луѓето секогаш се во брзање, а значењето на pali-pali е „побрзо-побрзо“.

Рецептот за среќа:

Најважното правило е да не пропуштате шанси и да ги користите брзо. Со цел да имате нормален живот со брзо темпо, следете ги следните правила – правете распоред, јадете добра храна, но не губете многу време на готвење и пејте почесто. Не престанувајте да учите и искористете го знаењето на најдобар начин.

filozofii-za-srekja-od-razlichni-zemji-niz-svetot-koi-treba-da-pochnete-da-gi-sledite-06.jpg

Coorie (Шкотска)

Во превод ова значи галење, прегрнување и туткање, а секако во земја со ладна клима, удобноста игра голема улога.

Исто така, соединувањето со природата е многу важно во оваа земја, како и комуникацијата и зближувањето со животните.

Ритуалите, традициите и татковината се од клучно значење.

Рецептот за среќа:

Одете на почести прошетки со миленикот на убави места со прекрасна природа. Не размислувајте на ладното или инсектите, туку фокусирајте се на предностите и убавините. Пуштете си добра музика и слушајте ги звуците на природата, одете на кафе со пријателите и зборувајте за некои интересни идеи наместо да озборувате.

filozofii-za-srekja-od-razlichni-zemji-niz-svetot-koi-treba-da-pochnete-da-gi-sledite-07.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg