Секој настан во видливиот свет доаѓа од една идеја во невидливиот свет - што е И чинг или Книга на промени?

И Чинг или Книга на промени е древна кинеска книга за дивинација и една од најстарите и најважните дела на кинеската традиција. Првите преводи на оваа книга се појавуваат во 18 век, а во Европа доаѓаат преку мисионерите. Филозофите како Лајбниц, Шопенхауер и Хегел се обидоа да дадат свое толкување на овој текст. Со текот на времето на Запад се развива вистински култ поврзан со толкувањето на оваа книга.

Sekoj nastan vo vidliviot svet doaga od edna ideja vo nevidliviot svet 01

И Чинг буквално значи Книга на промени, а ги опишува законите кои ги прават сите промени во овој манифестиран свет, бидејќи промената е нејзина основна карактеристика. Кинеските мудреци сфатија дека промената не е случајна или произволна, туку е предмет на универзален закон - Тао.

Тие, исто така, го откриле законот за периодичност, според кој промената следи по кружното движење, како што е движењето на небесните тела, годишните времиња, промената на денот и ноќта. Сознанието дека постојат работи и настани во невидливата димензија се клучни за дивинација.

Секој настан во видливиот свет доаѓа од една идеја во невидливиот свет. Сè што се случува на земјата е само репродукција на настанот во светот. Човекот е поврзан со небото, со огромниот свет на идеи и со Земјата, со материјалниот свет на видливите работи.

Користејќи ја Книгата на промени, откриваме работи кои треба да дојдат, учиме да ја предвидиме иднината и да го разбереме минатото. На овој начин, симболите на кои се базирани хексаграмите во книгата служат како форма за навремено дејствување.

Sekoj nastan vo vidliviot svet doaga od edna ideja vo nevidliviot svet 02

Откривајќи ја законитоста на промените, човекот може да земе соодветен став и да ги насочи своите постапки во вистинска насока. На овој начин, книгата ги вклучува и темелите на секоја етика на индивидуално ниво.

Оваа етика е поврзана со природниот или космичкиот ред. Затоа кинеските императори се потпираа на Книгата на промени за помош при управување на државата.

Првично, Книгата на промени беше колекција на линеарни знакови кои биле користени за дивинација. Најраните пророштва биле ограничени на одговорите „да“ и „не“, што е всушност основата на Книгата.

Меѓутоа, потребата за поголема диференцијација на дивинацијата доведе до комбинација на линии. Така се создадени повеќе линии кои даваа повеќекратно значење и претставуваа одредени процеси во природата.

Sekoj nastan vo vidliviot svet doaga od edna ideja vo nevidliviot svet 03

На овој начин, линиите симболично го прикажуваат она што се случува на небото и на земјата. Секоја од овие ситуации бара правилно дејствување, кое може да има правилна или неправилна насока. Правилната насока носи среќа, а погрешната носи несреќа. Клучното прашање кое треба да се постави е: „што е правилна насока (во која било дадена ситуација)?“ Одговорот го даваат хексаграмите и линиите низ кои се прорекува иднината.

Книгата на промени не сугерира што ќе се случи, туку кој е најдобриот начин на дејствување во дадените околности. Наместо да ги негираме или да им се спротивставуваме на силите и реалностите околу нас и во нас, Книгата на промени ни предлага да соработуваме со нив.

Традиционалните кинески вештини бараат да научиме кога и како да дејствуваме, односно, кога да не дејствуваме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg